Крцкави њоки во брз сос од домати
Италијанската, покрај кинеската е една од најпопуларните кујни во светот. Но, како да подготвиме посен/веган италијански оброк? Погледнете го рецептот за овие крцкави њоки и ќе дознаете!
Потребни состојки за сосот:
- dmBio маслиново масло
- 1 мал кромид
- парчиња домати од конзерва
- малку сол
- 1 лажичка шеќер
- 1 пакување dmBio веге колбаси
Подготовка
Испржете го убаво ситно сечканиот кромид, да омекне. Пред крајот, ставете ги исечканите колбаси и нив кратко пропржете ги. Додадете го доматот и зачините, а потоа сварете го сосот. Потребно е малку да се редуцира и доволно е помалку од десет минути.
Потребни состојки за њоките:
- dmBio њоки со крупник
- dmBio маслиново масло
- 2 поголеми чешниња лук
- 1 преполна лажица dmBio веган додаток за паста
- малку свеж босилек
Подготовка
Сварете ги њоките на вообичаениот начин (се ставаат во зовриена вода и се готват додека не испливаат на површината). Процедете ги. На маслиново масло и на умерена температура пропржете го лукот, додадете го веган пармезанот и босилекот – па на крај исцедените њоки. Пржете ги њоките неколку минути додека добијат умерена златна боја и сервирајте преку сосот со уште малку свеж босилек.