
Корпички со путер од кикирики и овесни снегулки
Лесно, едноставно и брзо за подготовка – го имаме совршениот рецепт за здрав десерт! Погледни како да го подготвиш.
Потребни состојки за основата:
- 70 г dmBio овесни снегулки
- 3 лажици dmBio путер од кикирики
- 4-5 лажици dmBio јаворов сируп
Потребни состојки за кикирики кремот:
- околу 100 г dmBio путер од кикирики
- околу 10 dmBio урми
- 4 лажици dmBio јаворов сируп
Потребни состојки за глазурата:
- 80-100 г dmBio црно чоколадо
- малку сол
Подготовка
Измешајте ги сите состојки за основата, распоредете ја смесата во калапи за мафини – а смесата е за 6 парчиња. Ако калапот е силиконски, не мора да користите хартиени корпички. Потоа, изматете ги сите состојки за кремот и прелијте го преку основата од овесни снегулки. Ако е нерамно, натапкајте малку со влажни прсти. Растопете го чоколадото на пареа или во микробранова печка и ставете го преку корпичките. Убаво изладете ги. Дeкорирајте со останатиот путер од кикирики и какви било исечкани јаткасти плодови.