
Летен колач со овошје и чоколадни палачинки
Чоколадно, кремасто, овошно, добро изладено – и не претерано слатко! Одличен десерт за топлите денови. Погледнете како да го подготвите.
Потребни состојки за палачинките:
- 2 јајца
- 3 лажици шеќер
- екстракт од ванила
- прстофат сол
- 300 мл млеко
- 180 г брашно тип 405
- 20 г dmBio какао во прав
- 200 мл вода
- 2 лажици dmBio сончогледово масло + за пржење
Подготовка
Изматете ги јајцата со шеќерот, ванилата и малку сол. Додадете вода и малку млеко, какао и брашно – па соединете ги состојките. Додадете го останатиот дел од млекото. Оставете да отстои 20 минути. Испржете ги палачинките во тавче за пржење со пречник 20-22 цм.
Потребни состојки за филот:
- 2 кесички (20 г) желатин + 100 мл вода
- 700 г кисела павлака (на собна температура)
- екстракт од ванила
- 120 г шеќер во прав
Подготовка
Калап со добро околу 18-20 цм обложете го со проѕирна или ацетатна фолија.
Растворете го желатинот во вода и оставете го нека отстои. Во половина од павлаката додадете го желатинот и добро соединете. Потоа додадете ја ванилата и шеќерот во прав. Кога ќе биде добро изматено, ставете ја останатата павлака и промешајте.
Останати состојки:
- околу 300 г праски од компот
- околу 200 г вишни од компот
Одвојте околу 7-8 палачинки и во секоја ставете околу 2 лажици крем, малку исечкани праски и малку вишни.
Во калап за торта ставете на дното една или повеќе палачинки, па премачкајте со малку крем. Потоа сите од оние 7-8 палачинки склопете ги како вреќички и ставете ги во калапот.
Наредените вреќички од палачинки посипете ги со останатите праски и вишни, а потоа и крем. Добро притиснете и замотајте во фолија. Изладете за убаво да се стегне, идеално е да тоа да се направи во текот на една цела вечер.
Потребни состојки за глазурата:
- 100 г dmBio црно чоколадо
- 2 лажици млеко
- 10 г путер
Подготовка
Загрејте го чоколадото, путерот и млекото, промешајте и изладете. Извадете го добро изладениот колач од ладилник и прелијте го со чоколадо. Повторно вратете го во ладнилник. Овој колач се служи добро изладен!