КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Kolach

Колач со егзотична глазура

Превкусен колач кој се подготвува со гриз и има прекрасни слоеви на ровко тесто, слој џем од малини и вкусна чоколадна глазура со арома на кокос. Погледнете како да го подготвите!

Потребни состојки:

  • 6 јајца
  • 200 г шеќер
  • 500 г dmBio гриз
  • 6 лажици брашно
  • 150 г мелени ореви
  • 1 пакетче dmBio прашок за печиво
  • 150 г растопен путер
  • 300 мл dmBio напиток од индиски ореви
  • 1 тегла dmBio џем од малини
  • 150 г чоколадо за готвење
  • 3 лажици dmBio кокосово масло

Подготовка

Изматете ги јајцата заедно со шеќерот околу 10 минути додека волуменот на јајцата не се зголеми. Додајте го млекото, растопениот путер, мелените ореви, гризот и брашното. Додајте го прашокот за печиво и промешајте додека не добиете изедначена смеса. Префрлете во тава за печење обложена со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути.

Откако ќе се испече, премачкајте го колачот со џемот од малини и оставете да се излади. За тоа време растопете го чоколадото и кокосовото масло во течна глазура и премачкајте го целиот колач со чоколадната глазура.

  1. dmBio прашок за печиво, 4х17 г

    dmBio

    прашок за печиво, 4х17 г

  2. dmBio кокосово масло, 300 мл

    dmBio

    кокосово масло, 300 мл

  3. dmBio џем од малини, 340 г

    dmBio

    џем од малини, 340 г

  4. dmBio напиток од индиски ореви, 1 л

    dmBio

    напиток од индиски ореви, 1 л

Крај на листата