
Колач со бадем и леблебија
Леблебијата е одлична во сите солени комбинации. А, бидејќи е полна со протеини и има неутрален вкус – секако може да ја користите и во десерти!
Потребни состојки за основата од бадем:
- 100 г бадеми
- 10 dmBio урми
- 2 лажици dmBio кокосово масло
Подготовка
Сите состојки ставете ги во сецко и поделете ги во 3-4 округли калапи (за индивидуално сервирање) – или во еден округол калап со пречник околу 15 цм.
Потребни состојки за кремот од леблебија:
- 1 тегла dmBio леблебија
- 2 лажици путер од бадем
- 3 лажици мед
- 1 лажица dmBio кокосово млеко
- 1 лажичка dmBiо цимет
- сок од ½ лимон
- малку сол
Подготовка
Сите состојки освен леблебијата, ставете ги во сецко и иситнете ги. Потоа процедете ја леблебијата, додадете ја во останатите состојки и сомелете повторно. Распоредете го кремот врз кората, па оставете ги колачите во ладилник за кремот да се стегне. Украсете со бадемов путер, сечкани урми и бадем – и послужете!