Ориентална киноа со зеленчук и леблебија
Потребни состојки:
- 2 лажици dmBio маслиново масло
- 2 помали кромида, ситно сечкани
- 1 помал морач, исечкан на ситни коцки
- 4 чешниња лук, исечкани
- 2 лажици црвен пипер
- 1 лажичка кумин
- 1 рамна лажичка оригано
- Сол и бибер по вкус
- Околу 125 г dmBio тробојна киноа
- 400 г пелат од конзерва
- Околу 250 мл вода или супа од зеленчук
- 1 тегла зготвена dmBio леблебија во тегла
- Сок од ½ поголем лимон
- Свеж магдонос
Подготовка:
Ставете го маслиновото масло во сад за готвење со средна големина, загрејте го и испржете го кромидот. Кога ќе биде полу-пржен, додадете го коморачот и лукот, па се‘ заедно пропржете. Потоа, во садот додадете ги зачините: кумин, оригано, чили, црвениот пипер, солта и биберот. Откако ќе ги промешате сите овие состојки, додадете ја киноата.
Откако и киноата ќе ја пропржите кратко, ставете ја водата (или супата) – како и пелатот. Поклопете го садот и гответе на средна температура со повремено мешање, околу 20 минути, додека киноата е готова.
Додадете ја леблебијата, намалете ја темепратурата и гответе уште 5-10 минути. На крај, додадете сок од лимон и сечкан магдонос. Послужете го топло или на собна температура.