
Медитеранска киноа со зеленчук
Ако немате време, а сакате да подготвите брз и здрав ручек – ова e рецептот што ви треба! Погледнете како да подготвите егзотична киноа со зеленчук, во еден сад за готвење со само неколку намирници!
Потребни состојки:
- едно пакување dmBio веган колбаси
- микс зачини: сол, бибер, босилек, оригано
- 3 лажици dmBio маслиново масло
- 1 помал кромид
- 200 г шампињони
- 1 тиквица
- арабијата сос
- 180 г dmBio киноа
- свеж магдонос
Подготовка:
Исечкајте ги колбасите на крукчиња, па ситно исечкајте го кромидот и лукот. Иситнете ги печурките и тиквицата. Прво треба да ги испржите колбасите во половина количина од потребното маслиново масло. Извадете ги од тавчето кога ќе добијат боја. Додадете го преостанатото маслиново масло, испржете го кромидот – кога ќе омекне, додадете ги печурките и тиквиците. Кога зеленчукот ќе пушти вода, ставете го лукот, киноата, зачините, арабијата сосот и околу 200 мл вода. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и гответе ги покриени со капак уште околу 15 минути – со повремено мешање и додавајте вода по потреба. Кога киноата ќе биде зготвена, а водата редуцирана – вратете ги колбасите и ставете магдонос. Можете да сервирате со dmBio крцкав леб од спелта.