КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Карамел пудинг со манго и индиски ореви

Дали знаете дека ориз оди одлично во комбинација со карамела? Мангото и индиските ореви, дополнително му даваат фантастичен вкус на овој интересен рецепт! Погледнете кои состојки ви се потребни и како да го подготвите.

Потребни состојки за карамелата:

  • 50 г кокосов шеќер
  • 2 лажици dmBio јаворов сируп
  • ½ лажичка сол
  • малку dmBio кокосово масло

Подготовка на карамелата

Калапите за суфле намачкајте ги малку со кокосово масло, но само по краевите – не и дното. Ставете ги состојките во мал сад за готвење и загрејте ги на средна температура, додека не започнат да вријат. Продолжете да готвите уште околу 30 секунди без да мешате, додека шеќерот не се карамелизира и добие боја. Тргнете го садот од шпорет и распоредете ја карамелата во 2 поголеми калапи за суфле (или во 3-4 помали, зависно од тоа какви имате). Навалете ги калапите лево-десно за карамелата рамномерно да се распредели по дното и оставете ги чиниите на страна, на собна температура. После неколку минути, ќе се стегне карамелата.

Потребни состојки за оризовиот пудинг:

  • 100 г ориз за сутлијаш
  • 480 мл dmBio бадемово млеко
  • 30 мл dmBio јаворов сируп
  • екстракт од ванила
  • арома со рум или 5 мл рум
  • прстофат сол
  • 1 лажица dmBio кокосово масло
  • 50 г dmBio индиски ореви
  • 30 г dmBio сушени парчиња манго

Подготовка на оризовиот пудинг

Наполнете сад за готвење со вода и почекајте да зоврие. Во зовриената вода ставете го оризот, гответе го 1 минута и процедете го. Вратете го оризот во садот за готвење и додадете бадемово млеко, јаворов сируп, ванила, рум и сол. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и со постојано мешање гответе околу 15-18 минути – пробајте го оризот за да проверите кога ќе биде готов. Кога ќе бидете до половина време со готвењето, додадете сечкани индиски ореви и сечкани парчиња манго.

Кога ќе биде оризот готов, треба да биде кремаст и да има малку течност. Додадете го кокосовото масло, промешајте и распоредете го оризот преку карамелата која е во калапите за суфле.

Оставете да се излади 30-40 минути на собна температура, пред да го ставите во ладилник. Во ладилник треба да биде најмалку 6 часа.

За сервирање, одвојте го оризовиот пудинг од краевите на калапот со нож и превртете го на чинија. Веднаш ќе излезе од калапот, без грижи. Овој пудинг може да стои во ладилник дури 4 дена.. И навистина е превкусен!

  1. dmBio

    јаворов сируп, 375 мл

  2. dmBio

    индиски ореви, 150 мл

  3. dmBio

    кокосово масло, 650 мл

  4. dmBio

    суви парчиња манго, 100 г

  5. dmBio

    напиток од бадем, 1 л

Крај на листата