КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Кантучини со ореви, вишни и чоколадо

од Ана Жонтар Кристанц

2/20/2024

Време за подготовка: 20 Мин.

Време за готвење-/печење: 30 Мин.

Десерт

Состојки

  • 3 големи јајца

  • 150 г dmBio шеќер од шеќерна трска

  • 350 г пченично брашно тип 405

  • ½ dmBio прашок за печиво

  • 130 г dmBio ореви

  • 130 г вишина

  • 130 г dmBio темно чоколадо

  • 1 кафена лажичка dmBio сончогледово масло

  • 1 белка – за премачкување

  • Кора од лимон

Подготовка

на кантучини

  1. Вишните, оревите и чоколадото се сечкаат на крупно. Се двојат белките и жолчките од јајцата.

  2. На белките се додава една третина од шеќерот и се мати шлаг. Жолчките се матат со преостанатиот шеќер и мед сè додека смесата не се удвои.

  3. Вишните, чоколадото и оревите се посипуваат со лажица брашно. Во преостанатото брашно се става прашокот за печиво. Во жолчките прво се додава маслото, кората од лимон, а потоа оревите, чоколадото и вишните, па дури потоа брашното. Сосема на крајот се додава шлагот од белките.

  4. Формираме двe поголеми или три помали векни. Ако тестото се лепи на рацете, помогнете си со вода.Векните се печат 30 минути на 180°C степени. За време на печењето се премачкуваат со белките кои претходно сме ги изматиле со жица.Жешките векни веднаш се сечат накосо на парчиња и се оставаат да се исушат на воздух и да се стврднат.

  5. Совет: Наместо ореви, темнo чоколадо и вишни, може да употребите и своја верзија на суво овошје и јатки. Одлична комбинација е и брусница со ‘фстаци или чоколадо со лешници.

  1. dmBio сируп од агаве, 250 мл

  2. dmBio шеќер од шеќерна трска, 1 кг

  3. dmBio темно чоколадо, 100 г

  4. dmBio ореви 150 г

  5. dmBio сончогледово масло, 500 мл

  6. dmBio прашок за печиво, 4x8 г