КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Falafel vo kari sos

Фалафел во едноставен и брз кари сос

Ручек кој се подготвува за брзо време и има само неколку состојки! Погледнете како да подготвите превкусен оброк, со неодолив мирис.

Потребни состојки:

  • 1 пакување dmBio смеса за фалафел
  • 1 лажица dmBio кокосово масло
  • 1 сечкан кромид
  • 1 лажичка dmBio куркума
  • 1 лажичка ѓумбир во прав
  • 1 лажичка кумин
  • 2 лажички гарам масала
  • сол и чили по вкус
  • 4 чешниња лук исечкани
  • 1 конзерва сечкан домат (240 г)
  • околу 100 мл вода
  • околу 250 мл dmBio кокосово млеко
  • магдонос

Подготовка

Прво подгответе го сосот... на кокосово масло испржете го кромидот. Потоа додадете ги сите зачини, а кога ќе се испржи ова, додадете го лукот. Ставете го доматот, а конзервата исплакнете ја со малку вода, па додадете ја и таа течност. Поклопете, малку намалете ја температурата и оставете го сосот да се вари. Подоцна, тргнете го капакот за водата да може да испари.

За ова време, подгответе го фалафелот според упатството на кутијата. Потоа формирајте топчиња и испржете ги на кокосово масло. Кога ќе се редуцира сосот и ќе стане густ, ставете го испржениот фалафел во сос. Декорирајте со магдонос и останатото кокосово млеко. Ова добро се комбинира со пире, ориз или само со салата.

  1. dmBio смеса за фалафел, 175 г

    dmBio

    смеса за фалафел, 175 г

  2. dmBio кокосово млеко, 400 мл

    dmBio

    кокосово млеко, 400 мл

  3. dmBio кокосово масло, 300 мл

    dmBio

    кокосово масло, 300 мл

  4. dmBio куркума, 60 г

    dmBio

    куркума, 60 г

Крај на листата