
Енергетски барови направени од урми, кикиритки и брусница (без печење)
Енергетски барови направени од урми, кикиритки и брусница (без печење) - Најважната забелешка за овој вкусен и многу едноставен е дека може да биде 100% веган.
Потребни состојки:
- 500 г свежи исчистени урми
- 60 г dmBio путер од кикиритки
- 30 г dmBio какао
- 120 г dmBio бисквити од путер и крупник
- 50 г брусница
- 50 г крупно сечкани кикиритки
Подготовка
Урмите, путерот од кикиритки и какаото ставете ги во блендер и изблендирајте за да добиете леплива паста. Префрлете ги во сад и додајте ги искршените бисквити, брусницата и кикиритките. Измешајте со раце (користете ракавица) за да се соединат сите состојки и рамномерно измешајте. Со проѕирна фолија или хартија за печење обложете калап со димензии 20 x 20 цм и премачкајте ја масата. Можете да го покриете со друга хартија за печење и да направите рамна површина со помош на чаша или било што друго што личи на „мини сукало“ .
Потребни состојки за глазурата:
- 80 г dmBio темно чоколадо
- 20 г dmBio путер од кикиритки
За декорација: dmBio сируп од урми
Подготовка
Растопете го чоколадото (може да се растопи во микробранова печка) и измешајте го со путерот од кикиритки. Добро измешајте и прелијте го колачот. Оставете да се излади најмалку еден час. Се сече на коцки и секое парче засладете го со малку сируп од урми пред послужување.




