
Посни емпанади со димено тофу
Емпанадите се печено или пржено тесто, исполнето со фил - најчесто кружни или во форма на полумесечина. Најчесто се прават со месо, но еве и вкусна посна варијанта, чии зачини ќе ве одведат на кратко, вкусно патување до Азија.
Потребни состојки за филот:
- 1 морков (изрендан)
- 1 млад кромид (ситно сечкан)
- 3 чешниња лук (ситно сечкан)
- сол и бибер
- 2 лажици dmBio соја сос
- 2 лажички кафеав шеќер
- 1 лажичка dmBio италијански микс од зачини
- 200 г dmBio димено тофу
- 1 вегански намаз од шампињони
Измешајте го сечканиот зеленчук и зачинете го. Исцедете го дименото тофу и изгмечете го со вилушка, па додадете го во зеленчукот. На крај додадете го веганскиот намаз од печурки и сè соединете. Ќе добиете густа и ароматична паста. Покријте со проѕирна фолија и ставете го во ладилник додека го подготвувате остатокот.
Останати состојки:
- 2 листа лиснато тесто
- dmBio напиток од индиски ореви
Вклучете ја рерната на 200 степени. Покријте ја тавата со хартија за печење. Расукајте лист лиснато тесто и исечете кругови со секач за пециво или чаша, со дијаметар од околу 7,5 цм.
Во центарот на секој круг ставете по една лажица фил и преклопете за да формирате полумесечина. Намачкајте ги рабовите со малку напиток од индиски ореви и затворете ги рабовите, за да добиете полумесечина. Прво притиснете ги рабовите со прстите за да ги прицврстите и залепите - потоа можете да користите помал секач за подобро да ги дефинирате. Наредете ги сите емпанади на тавата и премачкајте ги со напиток од индиски ореви. Печете околу 25 минути додека не заруменат. Се сервираат или малку изладени или ладни.