
Домашен леб со овесни снегулки
Подготовката на домашен леб, кој изобилува со хранливи состојки, не треба секогаш да претставува комплициран процес. Споделуваме со вас рецепт подготвен со интегрално брашно и овесни снегулки со никулци. Совршено за благи или солени појадоци и вечери.
Потребни состојки:
- 250 г интегрално брашно
- 400 г dmBio овесни снегулки
- 1 пакетче dmBio екстракт за кисело тесто
- 1 пакетче сув квасец
- 1 лажичка сол
- 1 лажица шеќер
- Околу 300-350 мл вода (да се замеси тестото)
- dmBio намаз со чили и пиперка
Подготовка
Во длабок сад, ставете ги сите состојки и со помош на дрвена лажица промешајте сè, додека не добиете соодветна смеса. Замесете тесто и оставете го да стаса околу 90 минути на собна температура. Оформете векна од стасаното тесто и префрлете ја во тава за печење обложена со хартија за печење.
Печете во загреана рерна на 190 степени, околу 35-40 минути.
Сервирајте со dmBio намаз од чили и пиперка!