КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Rodendenska torta

dmBio роденденска торта

Родендените заслужуваат спектакуларна торта, особено кога станува збор за јубилеј. Како што веќе знаете, оваа година прославуваме 10 успешни и забавни години работа! Затоа, Dave’s Kitchen ни подготви незаборавна роденденска торта, која ќе ви послужи и вам како инспирација за сами да подготвите превкусен десерт за вашиот роденден!

Потребни состојки за пандишпаните:

  • 12 јајца
  • 12 лажици шеќер
  • 20 лажици мелени ореви
  • 20 лажици брашно
  • 1 пакетче dmBio прашок за печиво
  • 20 dmBio урми, ситно сечкани
  • dmBio џем од рибизли за премачкување на пандишпаните

Потребни состојки за белиот фил:

  • 1 л dmBio напиток од соја
  • 2 dmBio пудинга од ванила
  • 150 г dmBio крцкаво бело чоколадо
  • 250 г путер, омекнат
  • 100 г шеќер во прав
  • 6 жолчки
  • 50 г dmBio оризов сируп
  • 2 кесички за шлаг пена, изматени со 250 мл млеко

Потребни состојки за чоколадниот фил:

  • 1 л dmBio напиток од соја
  • 2 dmBio пудинга од чоколадо
  • 2 лажици dmBio какао
  • 250 г путер, омекнат
  • 6 жолчки
  • 50 г dmBio оризов сируп
  • 2 кесички за шлаг пена, изматени со 250 мл млеко

Потребни состојки за декорација:

  • 4 кесички шлаг пена, изматени со 500 мл млеко

Подготовка

Најпрво, за да ги подготвите пандишпаните, во длабок сад изматете ги белките заедно со шеќерот, во цврста шлаг пена. Матете околу 10-15 минути додека не добиете цврст ,,снег’’ од белки. Потоа, додадете ги мелените ореви, брашното, прашокот за печиво и ситно сечканите урми. Добиената смеса префрлете ја во тава обложена со хартија за печење и печете околу 30 минути, додека пандишпанот не добие убава златно-кафена боја.

Во меѓувреме, подгответе го пудингот од ванила. Во сад за готвење, на оган, ставете го напитокот од соја да се загрее и додадете ги кесичките пудинг и жолчките, претходно растворени во малку млеко. Гответе со постојано мешање со жица за матење и кога смесата ќе се згусне, тргнете ја од оган. Префрлете го сварениот пудинг во длабока чинија и покријте го со фолија за свежа храна, за да не фати кора. Оставете да се излади на собна температура. Постапката повторете ја и со пудингот со чоколадо. Во сад за готвење, загрејте го напитокот од соја и додадете ги двата пудинга од чоколадо, со жолчките растворени во малку млеко и варете додека не добиете густ пудинг. Префрлете го во длабока чинија и оставете комплетно да се излади на собна температура.

Пандишпанот оставете го да се излади комплетно, а потоа пресечете го на четири еднакви дела, така што ќе добиете четири посебни пандишпани.

За да го завршите белиот фил, во посебен сад изматете ги путерот и шеќерот во прав со помош на миксер. Додавајте постепено од изладениот пудинг од ванила и додадете го белото чоколадо. Додадете го оризовиот сируп и внимателно промешајте ги изматените кесички за шлаг пена во филот.

За да ја формирате тортата, најпрво во калап додадете го првиот пандишпан, премачкајте со малку џем од рибизли, а потоа ставете половина од темниот фил. Додадете го вториот пандишпан, премачкајте со џем од рибизли и додадете половина од белиот фил.

Повторете ја постапката уште два пати – пандишпан, џем од рибизли, темен фил, пандишпан, џем од рибизли и на крајот завршете со белиот фил. Оставете ја вака подготвената торта да се стегне во ладилник околу 2 часа, а потоа премачкајте ја со изматен шлаг. Декорирајте по желба и послужете.


  1. dmBio прашок за печиво, 4х17 г

    dmBio

    прашок за печиво, 4х17 г

  2. dmBio урми, 200 г

    dmBio

    урми, 200 г

  3. dmBio напиток од соја, 1 л

    dmBio

    напиток од соја, 1 л

  4. dmBio пудинг од ванила, 3х35 г

    dmBio

    пудинг од ванила, 3х35 г

  5. dmBio крцкаво бело чоколадо, 100 г

    dmBio

    крцкаво бело чоколадо, 100 г

  6. dmBio оризов сируп, 250 мл

    dmBio

    оризов сируп, 250 мл

  7. dmBio пудинг од чоколадо, 3х35 г

    dmBio

    пудинг од чоколадо, 3х35 г

  8. dmBio темно чоколадо, 100 г

    dmBio

    темно чоколадо, 100 г

  9. dmBio агаве сируп, 250 мл

    dmBio

    какао, 125 г

  10. dmBio џем од рибизли, 340 г

    dmBio

    џем од рибизли, 340 г

Крај на листата