dm – Настан – Кулинарско патување со dmBio!
Во рамките на нашата кампања за органска храна „Моето кулинарско патување со dmBio“, Ве покануваме на нашиот настан, кој ќе се одржи во сабота, на 24 февруари со почеток во 12 часот во Скопје Сити Мол.
На големиот настан, нашата претставничка на оваа интернационална кампања - Мартина (@martinascookingg ), ќе подготви дел од своите рецепти, кои се издадени во книгата „Кулинарско патување со dmBio“ но и рецепти од нејзините колеги кои се исто така дел од кампањата и книга. Посетителите ќе имаат шанса да ги дегустираат рецептите, како и да бидат дел од неколку интересни предизвици. Најавуваме искуство кое не смее да се пропушти, а и неодоливо вкусно поминати часови со дегустација на вафли, проја, брускети и други интересни рецепти.
Покрај Мартина, дружбата ќе ја поддржат многу други гости кои покрај тоа што ќе асистираат на Мартина во подготовката на храната, ќе предводат една од динамичните игровни предизвици за кои следуваат супер подароци. Настанот ќе трае 4 часа (12:00-16:00) и добредојдени се сите посетители.
Едно е сигурно - се работи за настан кој не сакате да го пропуштите бидејќи ја комбинираме добрата и здрава храна со забава и музика! Во својот асортиман dm брои над 500 производи со органско потекло, а самиот бренд dmBio нуди над 300 веќе добро познати производи помеѓу нашата јавност кои се симбол за квалитет и здравје.