Златни мини чоколадни куглофи
Во светот на храната, една категорија ја доловува имагинацијата на гурманите: златна храна. Порано мислевме на кора од печено пилешко, пржени компири, зрело манго, кора од леб или кроасан или боја на шафран.
Денес, кога зборуваме за златна храна - можеме да бидеме и буквалисти – златните мрвици и украсите кои се јадат, златниот спреј за колачи и торти стануваат сѐ повеќе користени, бидејќи нѐ асоцираат на луксуз. Златната храна е волшебен дел од кулинарскиот свет.
Затоа, следниот пат кога ќе подготвите јадење - зачинете го со „злато“. Ова е особено точно за чоколадните десерти. Истурете колку што можете повеќе злато!
Потребни состојки за тестото:
- 320 г брашно
- 45 г dmBio какао
- 1 кесичка dmBio прашок за печиво
- ½ лажичка сол
- 220 г путер
- 200 г шеќер
- 120 г кафеав шеќер
- 4 јајца
- 1 лажичка арома на ванила или бадем
- 200 г павлака (неутрална)
Загрејте ја рерната на 180 степени и намачкајте го калапот за мини куглофи (може да се користат и мафини). Не треба да се подмачка ако е силиконски калап. Доколку се користат стандардните за 12 кекси/мафини, ќе се добијат 2 круга. Во сад измешајте ги сувите состојки: брашно, какао, прашок за печиво и сол. Се матат путерот и двата вида шеќер додека не стане пенесто. Додадете ги јајцата, по можност едно по едно и матете по малку откако ќе ги додадете - па истурете малку од кремот и аромата на ванила или бадем во јајцата.
Потоа наизменично додавајте брашно и павлака додека тестото не стане компактно. Наполнете ги калапите за мини топчиња околу 2/3 полни. Се пече околу 20-25 минути, а потоа се лади малку и се вади на решетка да се излади целосно.
Глазура:
- 100 г dmBio црно чоколадо
- 300 г путер
- 2 лажици dmBio сируп од агаве
- 2 лажици павлака (неутрална)
- златни украси (спреј, топчиња)
Измешајте ги сите состојки за глазурата и загрејте ги во микробранова печка околу 1 минута на средна температура со повремено мешање. Доколку е потребно, загрејте уште 30 секунди. Секој куглоф потопете го во глазурата или прелијте го со глазурата. Украсете со златна прашина или други златни украси.