КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Cokoladni aranchini

Чоколадни аранчини - италијански топчиња од ориз

Пробајте го овој едноставен десерт во кој оризот и темното чоколадо одлично се совпаѓаат со портокал и цимет.

Потребни состојки за оризот:

  • 350 мл алпско млеко
  • 50 г шеќер од шеќерна трска
  • 400 г вода
  • рендана кора од портокал
  • ½  лажичка dmBio цимет
  • малку сол
  • 300 г ориз
  • 20 г путер

Во тенџере ставете млеко, шеќер, вода, рендана кора од портокал, цимет и сол. Кога сè ќе зоврие, додадете го оризот и варете околу 15 минути додека не омекне и испари течноста. Тргнете го од оган и додадете го путерот и измешајте. Покријте со проѕирна фолија и оставете да се излади целосно.

Останати состојки:

  • 150 г dmBio темно чоколадо
  • 1 јајце
  • 100 г брашно
  • 100 мл млеко
  • презла
  • dmBio сончогледово масло
  • неколку лажици шеќер
  • малку цимет

Чоколадото исечкајте го на коцки и оставете го на страна. Изладениот ориз поделете го на околу 9 или 10 топчиња. Намачкајте ги рацете со масло и оформете топче ориз на раката, а потоа ставете чоколадо во средината - околу 15 гр. Затворете ја топката така што чоколадото да остане во средината и формирајте топче. Со останатата смеса повторете ја постапката.

Во сад измешајте ги јајцето, брашното и млекото за да добиете погуста маса - како за палачинки. Истурете презла во друг сад. Секое топче потопете го во смесата, а потоа во презла. Кога ќе подготвите сè – испржете ги во врело масло.

Откако ќе се испржат, ставете ги на салфетка да се исцедат - потоа измешајте ги шеќерот и циметот и во оваа смеса валкајте ги сите топчиња. Може да се сервираат и топли и ладни.

  1. dmBio

    темно чоколадо 80 г

  2. dmBio

    цимет, 50 г

  3. dmBio

    сончогледово масло, 500 мл

Крај на листата