

dm дрогерие маркт
Време за читање 2 Мин.
•
1/4/2024
Брз чоколаден колач со леблебија
Сите ја употребуваме леблебијата кога правиме хумус, салати, ја додаваме во чорби и во оброци со зеленчук.. Но, колач со леблебија не е нешто што често се прави. Дали сте знаеле дека леблебијата може да служи како замена за костени? Погледнете како да го подготвите овој колач!
Потребни состојки:
- 180 г путер
- 300 г dmBio шеќер од шеќерна трска
- 150 г dmBio млечно чоколадо
- 400 г dmBio леблебија во тегла
- 3 јајца
- 150 г брашно тип 405
- 1 лажичка dmBio прашок за печиво
- 1 л сок од портокал
- 100 г суви сливи
Подготовка
Вклучете ја рерната на 180 степени, а калапот 20х30 цм (или округол пречник околу 26 цм) обложете го со хартија за печење. На ниска температура растопете го путерот и 150 г шеќер, со мешање. Кога шеќерот ќе се растопи, исклучете ја ринглата и ставете ги коцките чоколадо за да се стопат.
Леблебиите исцедете ги, измијте ги и уште еднаш исцедете ги – па ставете ги во сецко или блендер. Кога ќе бидат иситнети, додавајте им едно по едно јајце и изблендирајте убаво. Потоа во блендерот се додава мешавината од путерот, шеќерот и чоколадото. Добро е да ја оставите оваа мешавина малку да се излади.
На крај ставете го прашокот за печиво и брашното. Ставете ја смесата во тавата за печење. Ставете ја тавата во загреана рерна, намалете ја температурата на 170 степени и печете околу 25 минути, додека тестото не нарасне и не биде цврсто на допир.
Додека се пече колачот, сокот од портокал и преостанатите 150 г шеќер загрејте ги во сад за готвење. Гответе додека не добиете сируп. Сирупот изладете го додека се пече колачот. Кога ќе го извадите колачот од рерна, боцнете го со чепкалка за заби на повеќе места и прелијте го со сирупот. Почекајте сирупот да впие, изладете го на собна температура и ставете го во фрижидер. Колачот се сервира ладен!