КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Колач со чоколадо и кокос

Колач со црно чоколадо и кокос, без брашно

Брашно нема, шеќер има – а не е пресладок! Овој колач е одличен десерт доколку сакате да подготвите нешто навистина брзо и лесно, а воедно превкусно!

Потребни состојки за колачот:

  • 6 јајца
  • 110 г бел шеќер
  • 110 г dmBio шеќер од шеќерна трска
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • ½ лажичка сол
  • 220 г dmBio кокосово масло
  • 200 г dmBio црно чоколадо
  • 25 г dmBio какао во прав
  • 140 г ореви (или други јаткасти плодови)
  • 150 г рендан кокос

Подготовка

Загрејте ја рерната на 170 степена. Ставете хартија за печење на дното на калап со пречник од 25 или 26 цм. Растопете го чоколадото со кокосовото масло. Сомелете ги оревите со додавање на солта и какаото. Изматете ги јајцата – рачно или со миксер, па додадете ги солта, шеќерот и ванилата. Потоа матете додека смесата не добие посветла боја. Додадете го кокосовото масло и чоколадото – а откако сето ова ќе го измешате, ставете ги и сувите состојки (какао, ореви и кокос). Печете го колачот околу 40 минути. Малку изладениот колач, одлепете го од рабовите на калапот и превртете го на чинија за послужување. Тргнете ја хартијата за печење и оставете го убаво да се излади.

Потребни состојки за посипување:

  • 2 лажици кокосов чипс
  • 15 г сечкани ореви
  • 1 лажица dmBio кокосово масло
  • 1-2 лажици мед

Подготовка

Додека рерната е загреана, измешајте ги сите состојки за украсување, ставете ги на хартија за печење и печете околу 4 минути. Кока ќе се излади, иситнете на мали парчиња.

Останати состојки:

  • 100 г dmBio црно чоколадо
  • 2 лажици мед
  • 100 г неутрална павлака

Подготовка

Загрејте ја павлаката – а во чинија искршете го чоколадото и додадете сол и мед. Ставете ја врелата павлака во чоколадото, промешајте и убаво изматете (може и со миксер). Додека не е целосно стегнат, ставете го чоколадниот фил преку кората и посипете со тостираниот кокосов чипс. Изладете пред да послужите.

  1. dmBio кокосово масло, 300 мл

    dmBio

    кокосово масло, 300 мл

  2. dmBio какао, 125 г

    dmBio

    какао, 125 г

  3. dmBio темно чоколадо, 100 г

    dmBio

    темно чоколадо, 100 г

  4. dmBio шеќер од шеќерна трска, 500 г

    dmBio

    шеќер од шеќерна трска, 500 г

Крај на листата