
Чоколаден колач со киноа
Овошната сезона е во полн ек, па во моментов уживаме во црешите. А црешите, одлично одат во комбинација со чоколадо!
Потребни состојки:
- 130 г dmBio киноа
- 360 мл вода
- dmBio кокосово масло за мачкање на калапот
- 2 лажици dmBio какао во прав за калапот
- 80 мл сок од портокал (1 портокал)
- 4 јајца, големина L
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 180 мл стопено dmBio кокосово масло
- 200 г dmBio шеќер од шеќерна трска
- 80 г dmBio какао во прав
- 2 лажици dmBio прашок за печиво
- 1/3 лажичка сол
- 50 г dmBio црно чоколадо
- 50 г dmBio суви кајсии
Потребни состојки за глазурата:
- 100 г dmBio црно чоколадо
- 1 лажица неутрално масло
- ½ лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Ставете ја киноата и водата во сад за готвење – кога водата ќе зоврие на повисока температура, намалете ја на средна, ставете капак и гответе околу 15-20 минути, додека киноата не биде готова и не ја впие течноста.
Вклучете ја рерната на 180 степени. Калапот за куглоф намачкајте го со кокосово масло и ставете од какаото во прав, па протресете.
Ставете ја киноата во блендер. Додадете сок од портокал, јајца, ванила, кокосово масло, шеќер, какао, прашок за печиво и сол. Блендирајте додека не добиете мазна смеса. На крајот додадете стопено чоколадо и уште малку блендирајте. Ставете ги и ситно сечканите суви кајсии и промешајте.
Ставете го тестото во калап и печете околу 50 минути. Оставете го печениот колач да отстои 10-15 минути, па извадете го од калапот.
За глазурата, стопете го чоколадото во микробранова печка или на пареа. Додадете го кокосовото масло и ванилата, па добро промешајте. Оставете да отстои 2-3 минути, повторно промешајте и распоредете преку колачот. Идеално е да се послужи на собна температура.