Chili sin carne чили без месо
од Маја Петровиќ
2/26/2024

Готово за 55 Мин.
Време за подготовка: 15 Мин.
•
Време за готвење-/печење: 40 Мин.
Главно јадење
•
Вегетаријанско
Состојки
за 4 Порции
Chili sin carne чили без месо
3 чешниња лук
2 главици кромид
1 лута пиперка
2 моркова
120 г dmBio соја
1 dmBio коцка за супа
1 dmBio коцка за супа
30 мл dmBio маслиново масло
1 полна мала лажичка црвен пипер
50 г dmBio доматна паста
200 г пасиран домат
400 г пелати во конзерва
1 конзерва dmBio црвен грав
1 тегличка dmBio слатка пченка
Сол и црн пипер
Прилог:
250 г dmBio интегрален „басамати“ ориз (сварен)
За послужување, по избор:
магдонос, лимета или лимон
тортиља чипс
авокадo
Подготовка
на чилито
Чекор
Подгответе ги намирниците. Коцката за супа прелијте ја со 400 мл вода и во топлата супа додајте ги соините парчиња. Оставете ги да отстојат 15 минути, па процедете ги и зачувајте ја супата. Во меѓувреме, ситно исечкајте ги кромидот, лукот и лутата пиперка, а морковот исечкајте го на помали коцки. Исцедете ја пченката, а гравот исплакнете го и исцедете го. Изгмечете ги пелатите на парчиња.
Чекор
Во тава загрејте го маслиновото масло и пропржете го кромидот. Кога ќе омекне се додаваат лукот, лутата пиперка и морковот, па сѐ се пропржува на средна температура со повремено мешање. Потоа во тавата ставете ги дехидрираните соини парчиња и доматната паста и сè заедно пржете уште 5 минути.
Чекор
Кога зеленчукот целосно ќе омекне, ставете ги пелатите, пасираните домати, супата што остана од натопените соини парчиња, гравот и пченката. Зачинете со црвен пипер, сол и бибер. Оставете го јадењето да се динста околу 25 минути на пониска температура и повремено мешајте. Кога ќе биде готово, пробајте и приспособете ги зачините, а потоа послужете со претходно сварен ориз со некои или со сите предложени намирници за послужување.
Чекор
Совет: По желба, чилито можете да го готвите и повеќе од 25 минути. Јадењата со мешунки имаат подобар вкус и добиваат густина кога се готват малку подолго од потребното. Ова се случува поради скробот што е природно присутен во кромидот, морковот, гравот и пченката. Сите состојки на ова јадење природно не содржат глутен.