Болоњезе од зеленчук и леќа
од Маја Петровиќ
2/26/2024
Готово за 80 Мин.
Време за подготовка: 20 Мин.
•
Време за готвење-/печење: 60 Мин.
Главно јадење
•
Вегетаријанско
Состојки
за 5 Порции
Болоњезе од зеленчук и леќа
125 г леќа белуга
1 среден модар патлиџан
200 г шампињони
2 мали лажички dmBio маслиново масло
2 мали лажички dmBio соја-сос
1 поголема главица кромид
1 поголем морков
1/2 помал корен од целер
3 поголеми чешниња лук
2 мали лажички dmBio маслиново масло
2 лажици dmBio јаболков оцет измешан со 100 мл вода
dmBio мешавина од италијански зачини
1 мала лажичка црвен пипер
2 мали dmBio лажички доматна паста
3 мали лажички dmBio соја-сос
1 конзерва со пелати
1 шолја топла вода + 1 dmBio коцка супа
За послужување:
dmBio спирални тестенини
dmBio вегански додаток за тестенини
Подготовка
на болоњезе
Чекор
Сварете ја леќата во солена вода според упатството на пакувањето. Додека се вари леќата, подгответе ги намирниците... Оревите ситно исечкајте ги или крупно сомелете ги. Излупениот модар патлиџан исечкајте го на ситни коцки, посолете малку и оставете го да се цеди. Шампињоните, исто така, исечкајте ги на ситни коцки.
Чекор
На маслиново масло пропржете ги шампињоните да добијат темна боја. Додајте ги модриот патлиџан и оревите, а потоа сите состојки заедно пропржете ги уште малку, додека не добијат боја. Зачинете со соја-сос и бибер. На крајот додајте ја сварената и процедена леќа, па малку варете. Кога е готово, сето ова сипете го во чинија.
Чекор
Лукот исечкајте го многу ситно. Исто така, ситно исечкајте го кромидот, а крупно изрендајте ги целерот и морковот (можете да користите и сечко). Во истата тава, која ја користевте за шампињоните и леќата, додајте ги маслиновото масло и зеленчукот (кромид, целер, морков). Пропржете го зеленчукот, внимавајќи да не добие боја, туку само да омекне. Кога ќе омекне, вратете ги подготвените печурки и леќата во тенџерето. На крај додадете го лукот.
Чекор
Плијте со водата и јаболковиот оцет. Потоа, додадете ја мешавината со италијански зачини, црвениот пипер, доматната паста и соја-сосот. Дополнително, пелатите изгмечете ги рачно или со преса за пире, па додајте ги во тенџерето. На крајот прелијте ги со водата во која ја растворивте коцката за супа. Намалете ја температурата и варете со повремено мешање за да се згусне сосот и да испари вишокот вода. На крај проверете дали треба да ги прилагодите зачините.
Чекор
Совет: Болоњезето од зеленчук за време на готвењето се однесува на ист начин како класичното болоњезе. Тоа значи дека фазите на подготовка ќе обезбедат побогат вкус, бидејќи секоја состојка е соодветно обработена. Исто така, болоњезето е поубаво кога се готви подолго. Откако ќе ги додадете сите состојки од третиот дел од подготовката, врз основа на времето што го имате на располагање, вие можете да изберете сосот да го зготвите побрзо, само колку вишокот вода да испари, а можете и да го готвите подолго време на пониска температура. Тогаш доматите ќе добијат темноцрвена боја и сосот ќе биде повкусен.