КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
БЕЗГЛУТЕНСКА ПИЦА СО ТЕСТО ОД ПАЛЕНТА

БЕЗГЛУТЕНСКА ПИЦА СО ТЕСТО ОД ПАЛЕНТА

Потребни состојки за тестото:

  • 200 г dmBio палента
  • 40 г dmBio ленено семе
  • ½ лажица кумин
  • 1 рамна лажица куркума
  • Морска сол

Потребни состојки за сосот:

  • 180 г шери домати
  • 100 г или пола туба dmBio паста од домат 
  • 2 лажици dmBio маслиново масло
  • 1 поголем кромид 
  • 2 чешниња лук
  • По ½ лажица оригано, рузмарин и мајчина душица
  • 1 полна лажица dmBio јаболков оцет
  • Сол и бибер

Потребни состојки за филот:

  • Мало пакување шампињони
  • 1 помала тиквичка
  • 1 голема црвена пиперка
  • 1 лажица сув квасец
  • Свеж босилек или магдонос

Подготовка:

Обложете два округли калапи со пречник од 20 цм со хартија за печење. Исто така, пицата можете да ја печете и во еден четвртаст калап со средна големина. Ставете на оган 700 мл вода со куминот, па кога ќе зоврие ставете ја палентата со мешање. Гответе со покриен сад на ниска температура околу 10 минути. На крајот, додадете го лененото семе и зачините, што дополнително ќе го врзе тестото. Палентата ставете ја во калапот, внимавајќи на хартијата за печење, па добро оладете ја – најдобро околу 1 час да стои во фрижидер. Додека се лади, покријте ја со фолија.

За тоа време, подгответе го сосот. Пропржете го исечканиот луд и кромид, додадете ги зачините и доматот исечен на коцкички. Оставете го на оган уште малку време. Додадете ја пастата од домат, оцетот, солта и биберот. Оставете да се пропржи уште малку додека се згусне.

Извадете ја палентата од фрижидер и оставете ја на собна темепратура додека се подготвува зеленчукот. Вклучете ја рерната на 180 степени. За топингот, пропржете ги печурките многу кратко, исечени на листови. Извадете ги од тавчето, па пропржете ја тиквичката, исто така кратко – само додека испари вишокот вода. На крај, ова направете го и со пиперката исечена на ленти. Вратете го целиот зеленчук во тавчето, додадете го квасецот и босилекот (или магдоносот). На пицата ставете го сосот, па зеленчукот. Печете ја во рерна додека не порумени и послужете ја топла!

  1. dmBio палента, 500 г

    dmBio

    палента, 500 г

  2. dmBio ленено семе, 400 г

    dmBio

    ленено семе, 400 г

  3. dmBio паста од домат, 200 г

    dmBio

    паста од домат, 200 г

  4. dmBio маслиново масло, 500 мл

    dmBio

    маслиново масло, 500 мл

  5. dmBio јаболков оцет, 750 мл

    dmBio

    јаболков оцет, 750 мл

Крај на листата