Банофоли пита веганска и без печење
од Маја Петровиќ
2/16/2024

Готово за 35 Мин.
Време за подготовка: 10 Мин.
•
Време за готвење-/печење: 25 Мин.
Десерт
•
Веганско
Состојки
за 8 Порции
За кора:
80 г dmBio овесни снегулки
75 г бадеми
70 г dmBio урми без семки
65 г dmBio стопено кокосово масло
25 г dmBio путер од кикирики
прстофат сол
За фил:
160 г dmBio урми без семки
50 г dmBio индиски ореви
40 г dmBio путер од кикирики
150 мл dmBio кокосово млеко
25 г dmBio путер од кикирики
арома на ванила
прстофат сол
50 г dmBio стопено кокосово масло
50 г dmBio стопено кокосово масло
За украсување:
3 банани
малку сок од лимон
1 изматена веганска слатка павлака
1 полна дланка бланширани кикиритки
dmBio црно чоколадо
dmBio сируп од урми
Подготовка
на Банофоли пита
Чекор
Користете калап за тарт со димензии 33 x 11 цм или кружен калап со дијаметар од околу 20-22 цм. Сомелете ги овесните снегулки и бадемите во блендер. Потоа, додадете ги сите останати состојки во блендерот.
Чекор
Калапот покријте го со проѕирна фолија и распоредете ја кората. Убаво обликувајте ја и оставете ја да се излади во замрзнувач додека го подготвувате филот.
Чекор
Сите состојки ставете ги во блендер и убаво измешајте за да добиете крем. Прелијте ја изладената кора со кремот и кратко изладете во фрижидер.
Чекор
Бананите исечкајте ги на малку подебели коцки. Исцедете сок од лимон за да не пожолтат и ставете им тенок слој од павлаката за да не се исушат. Изладете ја питата во фрижидер. Пред послужување, додајте побогат слој од павлаката, украсете со сечкани кикиритки, темно чоколадо и сируп од урми.
Чекор
Питата најдобро се сече и е највкусна кога е многу добро изладена. Најдобро е да ја подготвите еден ден однапред. Прво изладете ја во фрижидер, па завиткајте ја во проѕирна фолија и оставете ја да се олади до следниот ден. Следниот ден украсете ја непосредно пред послужување, а можете да украсувате и веќе исечени парчиња директно на чинијата.






