
Банофи пита
Доколку сте љубители на слатките задоволства, овој десерт со сигурност ќе ви стане омилен! Брзо се подготвува, не се пече и е превкусен!
Потребни состојки за кората:
- 80 г овесни снегулки
- 75 г бадеми
- 70 г свежи урми
- 60 г стопено dmBio кокосово масло
- 25 г dmBio путер од кикирики
- прстофат сол
Подготовка на кората
Калапот кој ние го користевме е четвороаголен калап за тарт со димензии 11х34 цм. Може да се направи и во округол калап со пречник 20-22 цм.
Сомелете ги во блендер овесните снегулки и бадемите. Додадете ги сите останати состојки и изблендирајте сè заедно. Обложете го калапот за тарт со проѕирна фолија и распоредете ја кората. Убаво обликувајте и оставете да се лади во замрзнувач, додека го подготвите филот.
Потребни состојки за филот:
- 160 г свежи урми, без семки
- 50 г dmBio индиски ореви
- 40 г dmBio путер од сусам
- 150 мл dmBio кокосово млеко
- екстракт од ванила
- прстофат сол
- 50 г dmBio стопено кокосово масло
Подготовка на филот
Сите состојки ставете ги во блендер и добро соединете, за да добиете крем. Ставете го преку изладената кора и повторно ставете во замрзнувач.
Потребни состојки за украсување:
- билен шлаг или кокосова павлака
- 3 банани
- малку сок од лимон
- една шака сечкани кикирики
- dmBio црно чоколадо
- прелив од карамела
Исечкајте ги бананите на крукчиња, малку подебели. Прелијте ги со сок од лимон за да не потемнат и ставете еден тенок слој шлаг, за да не се исушат. Изладете го колачот во ладилник. Кога ќе биде време за сервирање, додадете шлаг. Декорирајте со сечкани кикирки, црно чоколадо и прелив од карамела.