КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Банана леб со смокви и црно чоколадо

Банана лебот е едно од омилените брзи и слатки десерти, кој супер оди со кафе или чај! Оваа варијанта збогатена со чоколадо и смокви, е интересна на еден сосема поинаков начин! Погледнете како да го подготвите.

Потребни состојки:

  • 3 банани
  • 2 јајца
  • 70 г кафеав шеќер
  • екстракт од ванила
  • 70 мл dmBio маслиново масло

Суви состојки:

  • 160 г брашно тип 550
  • 40 г dmBio какао во прав
  • 80 г dmBio темно чоколадо
  • 150 г суви смокви + 8 парчиња
  • 1-2 лажички сол
  • 1 лажичка dmBio прашок за печиво

Подготовка

Исечкајте ги смоквите, а останатите 8 за украсување исечете ги на половина и ставете ги во вода за да не изгорат при печењето. Исечкајте го темното чоколадо на помали парчиња.

Измешајте ги во чинија сите суви состојки. Калапот за леб обложете го со хартија за печење. Загрејте ја рерната на 175 степена.

Во сецко или во блендер ставете ги јајцата, ванилата, маслиновото масло и шеќерот па матете додека не се стопи шеќерот. Потоа додадете ги бананите и соединете сѐ. Прелијте преку сувите состојки измешајте.

Ставете ја смесата во калапот. Исцедете ги половинките смокви и украсете. Печете околу 45 минути. Потоa извадете го лебот од калапот и ставете го врз решетка да се излади. Се служи топло или на собна температура. Супер е кога се сервира со dmBio агаве сируп, или нешто слично.

  1. dmBio

    темно чоколадо, 100 г

  2. dmBio

    агаве сируп, 250 мл

  3. dmBio

    какао, 125 г

  4. dmBio

    прашок за печиво, 4х17 г

  5. dmBio

    маслиново масло, 750 мл

Крај на листата