КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Banana leb so jagodi

Banana bread со јагоди

Има безброј рецепти за банана леб, кој е со сигурност најпознатиот благ леб во светот. Оваа варијанта на банана леб вклучува уште едно овошје: јагоди. Јагодите го освежуваат банана лебот, давајќи му летен вкус.

Потребни состојки за лебот:

  • 3 банани
  • 100 мл dmBio јаворов сируп
  • 80 мл dmBio кокосово масло
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажица јаболков оцет
  • 200 г брашно од спелта
  • 50 г dmBio овесни снегулки
  • 1/5 лажичка dmBio прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 200 г јагоди
  • 50 г бело чоколадо (по желба)

Подготовка на лебот

Обложете помал калап за леб со хартија за печење. Вклучете ја рерната да се грее на 180 степена. Исечкајте ги јагодите на четири парчиња и исечкајте го белото чоколадо на мали коцки.

За влажните состојки: изгмечете ги бананите, додадете јаворов сируп, стопено кокосово масло, ванила и јаболков оцет. Одвоено, измешајте ги сувите состојки: брашното, овесните снегулки, прашокот за печиво и малку сол. Измешајте, па додадете ги јагодите и чоколадото – па измешајте уште еднаш за овошјето да се соедини со брашното (за да не падне на дното).

Додадете ги сувите состојки во влажните. Ставете го тестото во калапот за леб и печете околу 35-40 минути. Кога ќе се излади, се прелива со глазурата.

Потребни состојки за глазурата:

  • 200 г јагоди
  • 200 г шеќер во прав
  • 1 растопено dmBio кокосово масло
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Подготовка на глазурата

Изблендирајте ги јагодите. Во пирето од јагодите додадете масло, ванила и шеќер во прав – па сето тоа добро измешајте го. Банана лебот се сервира со прелив кога ќе се излади.

  1. овесни снегулки, 500 г

  2. јаворов сируп, 375 мл

  3. кокосово масло, 300 мл

  4. прашок за печиво, 4x17 г

Крај на листата