КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Идеи за велигденски декорации : држачи за јајца во форма на зајак

dm дрогерие маркт

Време за читање 3 Мин.

1/3/2024

Идеи за велигденски декорации : држачи за јајца во форма на зајак 

Правиме слатки држачи за јајца во форма на зајак заедно со дечињата.

Во оваа година велигденските зајачиња не скокаат преку ливидата туку преку нашата трпеза: Правиме сами слатки држачи за јајца во форма на зајак, заедно со дечињата. Чекор по чекор : 

Сѐ што ни е потребно за 4 зајачиња 

  • хартија во боја : црна, кафена, розева и бела 
  • црн маркер
  • ножици
  • игла
  • празна тоалетна ролна
  • памук 
  • лепак
  • штипки за алишта
  • кафени врвки
Идеи за велигденски декорации : држачи за јајца во форма на зајак

Чекор 1: Ролната и хартија ги сечеме по форма 

Сечеме две тоалетни ролни на 4 см широки парчиња. Од една ролна може да направиме 2 форми, од кои ни останува еден мал дел кој е вишок. Овој служи како мерка за сечење на хартијата во боја. Делот кој е вишок го сечеме на пола и со него мериме. Додадваме +2 см и ја исцртуваме ширината со молив. Делот од хартијата во боја исто така треба да биде малку повисок од исечената ролна за тоалетна хартија. Сечеме 4 парчиња од хартија. За да ги вклучиме активно и децата во креацијата, ние ќе го правиме мерењето, а они ќе сечат.

Идеи за велигденски декорации : држачи за јајца во форма на зајак

Чекор 2: Никнуваат ушињата и крзното

На децата ќе им дадеме од кафената хартија да исечат ушиња во должина од околу 6 см.  Од розевата хартија го подготвуваме внатрешниот дел од ушите. Розевата исечена хартија ја нанесуваме врз кафената хартија (за ушите), а сѐ заедно пак нанесуваме на ролната. Додека ушите се залепат користиме штипки за алишта за зацврстување. Хартијата која ја подготвивме на почетокот ја лепиме околу ролна како крзненце. 
 

Идеи за велигденски декорации : држачи за јајца во форма на зајак

Чекор 3: Зајчето добива лице

Розевото носе нашето мало зајче ќе го добие со хартија во боја. Мустаќите и очињата треба да ги исечеме по форма од хартија во боја. Зениците и устата ги цртаме со маркер во црна боја, а сите елементи ги лепиме на предната страна.
 

Чекор 3: Зајчето добива лице

Чекор 4: Рачиња и плишано опавче 

Со ножици или со дебела игла правиме дупчиња за рачињата. Најбезбедно е ако го легнеме зајчето на некоја дрвена површина: од едната страна правиме дупче и преку средината на ролната го правиме вториот отвор за рачето. Ги сечеме кафените врвки според посакуваната должина на рачињата и ги протнуваме низ дупките, а на краевите прицврстуваме дрвени перли. На внатрешната страна од ролнта ги прицврстуваме рачињата со врзување во јазол. Никако не смее да недостасува малото слатко опавче. Од малку памук правиме мало топче, кое ќе го залепиме на задниот дел. 

Чекор 4 Рачиња и плишано опавче

ГОТОВИ СМЕ!

Сега само ни останува да чекаме да дојде Велигден. Веќе на велигденскиот појадок со семејството може да ги употребиме овие мали слакти зајачиња, а во нив слатките велигденски јајца, кои ќе се погрижат за посебна празнична атмосфера. 
 

 ГОТОВИ СМЕ!
  1. Sanft&Sicher Recycling тоалетна хартија, 3слојна, 8/1

    Sanft&Sicher

    Recycling тоалетна хартија, 3слојна, 8/1

  2. ebelin nature памук, 100 г

    ebelin

    nature памук, 100 г

  3. Profissimo штипки за алишта, 24/1

    Profissimo

    штипки за алишта, 24/1

Крај на листата