КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Чистење, готвење или јога? Кој Social-Distancing тип сте вие?

dm дрогерие маркт

Време за читање 4 Мин.

11/21/2025

Секој го поминува своето време дома различно. Некои прават пролетно чистење, некои гледаат серии маратонски...

24/7 сте дома, одите на кратка прошетка или неделен шопинг...и вие како и сите други го поминувате најголемиот дел од времето во сопствените 4 ѕида. Што највеќе сакате да правите? Да чистите, готвите, јога или едноставно да лежите релаксирано на софата?
Ги посматраме различните типови на Social-Distancing личности:

Опуштените.. 

За овие типови останувањето дома воопшто не е и некој проблем. Повеќе е како остварување на сонот. Netflix & Chill е дел од секојдневните навики на овие луѓе, а Social Distancing е како музика за нивните уши. А кој може да оддолее на топла пелнива бања или на совршено нанесена маска за лице? Овие личности сигурно не. Иако сакаат и уживаат во друштво на пријателите, шетање на пролетното сонце...дома на софата е сепак најудобно.

Комуникативните...

Whatsapp, Skype, Viber е присутно во секојдневието на овие луѓе како миењето заби наутро и навечер. Иако сакате со пријателите да го испиете кафето, а и по некоја пијачка во локалниот бар, останувањето дома и за овие личности не е посебно тешко...благодарение на технологијата можете од комфорот на својата софа да уживате во кафето и муабетите со пријателите.

Чистачите... 

Очите светат во полн сјај моментално кај овие типови....дома се и можат целото време да го посветат на хигиената во домот. При стресот кој е присутен секојдневно, одржувањето на хигиената во домот некогаш е навистина тешко...а ова создава уште поголем стрес за овие луѓе. Овој период можат токму тоа да го прават и да уживаат во омилената активност. Смукање, бришење прашина, чистење прозори, чистење фрижидер...ова е вистинско уживање за нив.

Креативните...

Работата, набиените термини, договарања...ова се работи кои ги оттргнуваат од нивните креативни пасии? Конечно можат да го поминат времето посветувајќи им се на креативните проекти. Совет за овие типови: поставете си дома свое катче каде ќе можете да творите креативно и уживајте. Пишувајте поезија, цртајте...едноставно правете сѐ она што до сега не сте можеле заради социјалните обврски. Ова е ваше време...искористете го во целост.

Спортските...

Уживате во спортот? Дури и кога фитнес центарот е затворен, ова нема да ве спречи да бидете спортски активни. Започнете го денот со утринска јога, на која ќе ѝ следува убаво истегнување.  Пладнето искористете го за тренинг за издржливост, а вечерта е времето за тренинг со тежини. 
А доколку уживате да вежбате во друштво...секако тука е и технологијата за да ве поддржи да направите заеднички тренинг со вашите пријател.
Совет:Времето е совршено да испробате и нови спортови и вештини. Не се огранучвајте само на тоа што веќе го знаете и го правите. Пробајте нешто ново.

Ефикасните... 

Бесцелно седење не е опција за овие типови. Мир и релакс...не е за нив. А ова време е одлично за нив, бидејќи можат да остварат повеќе работи, отколку во обичен работен ден. Ниту Homeoffice не може да ги задржи настрана од нивните планови. Учење нов јазик? Готвење нов рецепт? Завршено е веќе уште наутро. А и алиштата се веќе испрани, па така можат да уживаат во вечерните skype-dates. Се препознавте? Благодарение на сите To-Dos паузата од социјалните активности речиси и да не ја забележуваат.

А кој тип сте вие?