

dm дрогерие маркт
Време за читање 3 Мин.
•
1/3/2024
Да останеме дома? Нема проблем! Како се релаксираат мајките?
Ниво на ескалација 1: Напијте се чај или кафе
Една шолја кафе или смирувачки чај создава чуда. Носи промена на некои ставови и го смирува умот. Најважно е накратко да се исклучите од се’. Најдобро е да си закажувате редовно термин сами со себе како би поминувале дел од денот само за себе. Нека биде тоа вашиот сопствен мал ритуал за опуштање. Секој ден.
Како да ги осигурате тие неколку минути? Исклучете го телефонот. На децата дадете им играчки. Изнесувајте го кучето редовно на прошетка. Однапред подгответе план на оброци за денешниот ден. Совршено!
Ниво на ескалација 2: Само насмевнете се
Смеењето опушта. Кога се смееме, многу мускули се активираат, се забрзува дишењето и се ослободува хормонот на среќа. Дури и ако се работи за вештачка насмевка.
Не верувате? Пробајте! – Можете да пробате заедно со своите деца. Ослободете се од напнатоста со насмевка. Замолете ги своите деца да го направат истото. Збунети лица? Најверојатно! Но, вреди да се проба!
Ниво на ескалација 3: Играјте на својата омилена песна
Доста ви е од се’. Полека ги губите нервите. Тука помага само една работа! Музика – и тоа многу гласна. Пуштете ја својата омилена песна, појачајте го звукот и препуштете се на ослободување од напнатоста.
А, затоа што ова толку добро влијае на вас, на ред доаѓа и на тато омилената песна, па една за синот и една за ќерката. Затоа што: Музиката е мелем за душа.
Ниво на ескалација 4: Добра вкусна чоколада
Пиете чај, се смеете и играте? И уште не се чувствувате подобро? Посегнете по чоколадата. Тајното оружје против лошото расположение, напнатоста и нервозите. Дали е докажано дека чоколадата не прави среќни или не? Не е важно, важно помага!
Ниво на ескалација 5: Исфрлете се’ од себе
Исфрлете се’ од себе! Врескајте! Ако тоа ви помага: Слободно! Само затворете ги вратите и отворите ги повторно кога ќе исфрлите се’ од себе и ќе бидете комплетно ослободени од стресот.
Или исфрлете ја тагата со вежбање! Хммм, во своите четири ѕида? Да, секако. Тргнете ја облеката која ја чувате врз статичниот точак или пробајте еден од многубројните online достапни фитнес програми. Само напред со полн интензитет!
Ако сакате нешто полесно, може да поразговарате и со најдобрите пријатели. Благодарение на мобилните телефони, Skype, Viber, ова не е никаков проблем.