КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Славиме Велигден без целата фамилија

Велигден е празникот за голем фамилијарен собир. Но, посебните времиња, бараат посебни мерки. Тука не може да смени никој ништо. Затоа, сакаме да споделиме со вас неколку идеи, како да го направиме празникот удобен.

Овој Велигден остануваме дома

1.    Да создадеме нови традиции

Гледајте позитивно на работите: Овој Велигден имаме шанса да направите нешто ново и поинаку.  Ваши нови традиции, ваши правила, целосно без стрес, без маратонски дарувања и без хектични патувања. Уживајте го времето поминато сами со себе, со најтесното семејство, со партнерот.

2.    Фамилијата секако може да биде присутна...на некој начин

Ви недостасуваат родителите, децата, баба и дедо? Сосема разбирливо. Велигден на сите ни е познат и го сакаме како ден, кога целата фамилија е заедно, на едно место. Но може да бидеме блиску и без да бидеме едни до други. Skype, WhatsApp, Viber…сега е времето правилно да ги искористиме и да уживаме во благодетите од овие апликации.
Или испратете по пошта некоја слатка честитка или мала слатка корпа за велигденски јајца. Заедно со вашите дечиња создадете рачно изработени честитки и изненадете ги баба и дедо. Или обратно: замолете ги баба и дедо да снимат видео честитка за дечињата. Едноставно пробајте да ги изненадите сите на различни начини.

3.    Направете свои рачни изработки

На интернет може да се најдат неверојатно многу интересни идеи, како да ги занимаваме најмалите во сопствените четири ѕида...но и самите себеси. Бидете креативни заедно со вашите најмали.
Направете интересни корпи за јајца
Во светот на идеите речиси и да нема граници. Организирајте се за Велигденскиот викенд, облечете облека која е погодна за креативна работа и почнете...еве неколки креативни идеји:

4.    Интересни велигденски игри кои ни доаѓаат од западните земји 

Велигденскиот викенд е навистина долго време поминато дома. Затоа ви предлагаме и неколку интересни игри за деца, кои иако кај нас не се толку познати, во Западните земји се вистински хит.

Велигденски „лов“ на јајца: Познатиот Easter egg hunt иако најчесто се игра во природа, ние можеме да го приредиме во сопствениот дом. Што треба да направите? Едноставно сокријте велигденски јајца во разни делови од вашиот дом и дајте им на вашите дечиња корпи за собирање. Одредете време. Кој ќе успее да пронајде повеќе јајца низ домот, тој е победник. Звучи забавно, зарем не?

Велигденска трка со пречки: Направете од домот интересна тркачка патека со пречки со помош на столчиња, масички и друга покуќнина. На краевите од „пречките“ поставете велигденски јајца. Сега е време за трчање. Кој ќе успее за најбрзо време да ја помине патеката без да сруши ниедно јајце, тој е победник и е задолжен за „изградба“ на следната патека со пречки.

Потрага по велигденски мотиви: Сите ние низ домот имаме многубројни проспекти, сликовници, книги, списанија. Овие предмети сега ќе ни бидат навистина од корист. Како функционира: Секој член на семејството добива ист број на списанија, книги или проспекти, во кои ги бара велигденските мотиви, како јајца, зајчиња или петли. Кој ќе пронајде најмногу, тој е победник.