Предупредување: Лажни наградни игри на социјалните мрежи и на други канали за комуникација
Совети како да ги препознаете и како да се заштитите.
За жал, на социјалните мрежи и другите канали за комуникација сè почесто се појавуваат лажни наградни игри во кои се злоупотребува името на dm компанијата како организатор на истите. dm не стои зад наведените наградни игри, бидејќи сите дарувања на своите следачи ги спроведува исклучиво на верифицираните страни и профили на социјалните мрежи. Во продолжение ви даваме неколку совети, како да не станете жртва на измама од овие лажни наградувања.
Како да ги препознаете лажните наградни игри?
Внимателно! Вака ќе ги препознаете.
Примамливи цени, магични патувања или огромни износи: Лажните наградни игри честопати се толку добро осмислени, за голем број на луѓе да поверуваат и да станат жртви на истите. Во име на компанијата која на луѓето им ја подарува својата безрезервна доверба, измамниците пробуваат да ги измамат своите жртви и да ги земат нивните податоци, понекогаш пари, или да вметнат злонамерен софтвер во нивните мобилни уреди или компјутери.
Лажни наградни игри: Вака може да се заштитите
dm во нашата земја честопати е предмет на вакви наградни игри. Правна реакција против организаторите во многу ситуации не е возможна, па ги молиме нашите потрошувачи да бидат посебно внимателни.
Наградните игри во наша организација, се одвиваат исклучиво:
- На нашиот верифициран Facebook профил
- На нашата верифицирана Instagram страна
Доколку учество во наградна игра ви биде понудено телефонски (преку повик, смс порака, преку WhatsApp или Viber) или на друг начин кој не е наведен, во нив – со цел заштита на вашите податоци – немојте да учествувате!
Пет совети како да се заштитите од лажни наградни игри
Врз основа на следните потточки, можете да проверите дали dm е навистина организатор на наградната игра:
1. Дали профилот на организаторот на наградната игра е исправен?
Facebook и Instagram ги верифицираат профилите на јавните личности, признаените брендови и компании. Истото важи и за профилите на dm во нашата земја, преку кои се организираат наградните игри.
2. Дали веб страната е исправна?
Ова може да го препознаете врз основа на URL-то на веб страната. Доколку доменот е различен од dm.mk, станува збор за лажна веб страна која организира наградна игра во наше име.
3. Дали страната содржи важечки импресум?
Проверете ги податоците за контакт на сопственик на страната и побарајте можност за контактирање.
4. Дали се назначени условите за учество во наградната игра?
Кога се во прашање наградните игри кои ги организира dm во нашата земја, секогаш се назначени точните услови за учество, со што истата станува транспарентна. Во наградните игри кои ги организираме во нашата земја, може да учествуваат само оние кои се жители на нашата земја.
5. Важно: dm во нашата земја никогаш не организира наградни игри по пат на телефон или e-mail
Се сомневате дека сте жртва на лажна наградна игра? Добивате повици од непознати броеви или сомнителни известувања по пат на e-mail? Ве советуваме да не ги земате предвид и да ни се обратите доколку имате некој дополнителен сомнеж.