КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 4 Мин.

1/3/2024

Homeoffice: Има и добри, но и лоши страни

Ќе ви покажеме како да си ја направите работата од дома уште поудобна.

Секој кој ќе помисли на Homeoffice, најчесто мисли на совршен баланс на времето поминато со фамилијата и на работа...и релаксирана работа. За работа од дома неколку дена во неделата или во месецот тоа е и навистна така...но што кога ќе се поместат границите. Секој ден Homeoffice- дали е ова навистина релаксирано работење? Секако дека НЕ! Но, со неколку совети можете да го извлечете најдоброто од вашиот Homeoffice.

Утринска прошетка … 

… за момент ќе ве оттргне од сите грижи. Да сварите кафе и веднаш по будењето да скокнете на работното биро и не е така добра идеја. Тогаш сме сѐ уште поспани и го губиме комплетно растојанието од приватното и службените обврски.
Обидете се денот да го започнете позитивно: со движење и свеж воздух. Испланирајте половина час прошетка низ паркот или по празните улички. Прошетката можете да ја искористите и да поразговарате со колегите, со кои обично го пиете утринското кафе. Вдишете длабоко и пуштете ги мислите „на пасење“...по ова ќе го започнете работниот ден одморени.

Софата не е работно биро 

Разграничете го работното од приватното место.  Немојте да работите од кревет или од софата, бидејќи ова се вашите релакс-зони, кои треба и како такви да ги задржите. Имате мала соба со екстра биро? Одлично. Многумна го немаат овој „луксуз“. Но од каде и да работите...пробајте да го ограничте вашето работење на една маса или една просторија. Задржете ред и не расфрлајте работни материјали низ целиот стан. 
По завршувањето на работното време раскренете го лап-топот и сите материјали. Со ова одлично ќе ги поделите работното и приватното време. 

Облеката го прави човекот 

Оваа изрека можеби во оваа ситуација е навистина точна. Кога ќе се облечете свечено за некоја пригода, дали се чувствувате посебно?
Работењето во пижами може да ви ја намали продуктивноста. Вашата потсвест е спремна за релакс и слобода кога сте вака облечени, а не за дневните обврски. За да ја започнете работата мотивирано, одберете ја облеката внимателно. Облекувајте секое утро нешто, што би го носеле тој ден, доколку навистина одите на работа. Дотерајте се, нашминкајте се....како сакате. Вака ќе се подготвите за работниот ден, без разлика од каде работите.

Работа е работа, пауза е пауза. 

Поставете јасни граници. Во обичниот работен ден имате јасни структури. Зошто не би имале и тука. Кога на работа ја правите секојдневната пауза од половина час, тоа треба да го правите и од дома. Доколку вашето работно време завршува во 17 часот, тоа значи затворен лап-топ дома, во исто точку часот. Така ќе ги разграничите домашните и приватните обврски. 
Иако работите од дома, сепак слободното време треба да го уживате. Значи, гаснете лап-топ, а службениот телефон заменете го со приватниот. 

Размислувајте секогаш позитивно 

Кога Homeoffice-от веќе не е само исклучок, туку нешто секојдневно и задолжително, брзо можете да ги заборавите сите позитивни работи. 
Каде се сите позитивни работи, кои порано го правеа Homeoffice-от толку привлечен? Размислувајте и на позитивните страни.
Нели е супер кога наутро можеме да поспиеме малце подолго? Малите домашни обврски може да се завршат навистина брзо кога сте цел ден дома, нели? Нема гужви по улици и низ автобуси на патот кон дома? И најдоброто: дури и кога имате Bad-Hair-Day никој нема да го види тоа.
Значи останете позитивни и професионални. Работа е работа- слободно време е слободно време...без разлика каде и да сте.