КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Обоите ги велигденските јајца со природни состојки
dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 3 Мин.

1/3/2024

Обојте ги велигденските јајца со природни состојки

Вештачки бои? Не на нашите велигденски јајца. Еве како можете да ги обоите со природни состојки. 

Секоја година исто! Доста ни е од здодевните бои и боењето на велигденсите јајца. Ајде да бидеме малку алтернативни и креативни.
Што е Велигден, без велигденските шарени јајца? Сите ние се радуваме на овој празник и со нетрпение го очекуваме овој период, поготово кога станува збор за боењето јајца.
Со помош на растенијата, зеленчукот и овошјата, оваа година ќе се обидеме да го направиме тоа малку поинаку. 

Правилна подготовка за совршен резултат 

За да добиете совршен резултат потребни ви се неколку интересни совети:

  • Користете стари садови...многу природни материјали може да остават долготрајни флеки. 
  • Најдобрите нијанси се добиваат со фарбање бели јајца.
  • Пред фарбањето исчистете ги јајцата внимателно со крпа или сунѓер, најдобро со додавање малку оцет. Со тоа подоцна нема да имате недостатоци во боите и нечистотии.
  • Внимавајте јајцата да останат неоштетени. Така ќе останат подолго свежи и нема да продре боја во нив. 

Како да ги офарбате:

Напавете мешавина од еден литар вода и 2-3 чашички свежи природни состојки (зеленчук, корени, листови, плодови). Исецкајте ги што е можно поситно, со што полесно ќе излезат пигментите. Зелекчукот и растенијата треба да се варат околу 45 минути, додека овошките, листовите и цветовите треба да се остават во вода неколку часа, а подоцна да се варат 1 час. Слободно експериментирајте – така ќе го откриете вашиот совршен интензитет на бои.

Веќе сварените и оладени велигденски јајца се оставаат најмалку 30 минути во оладениот сад со боја. Колку подолго се оставаат во садот, толку поинтензивна боја ќе добијат. За да не добиете несакани отисоци од прсти на јајцата, поместувајте ги со лажица во садот. 

Задоволни сте со бојата? Тогаш извадете ги и поставете ги на хартиена подлога да се исушат. За крај, поминете ги нежно со крпа натопена во масло, што ќе им даде одличен завршен сјај на вашите нови мини ремек-дела.

Кои природни материјали ви ги даваат посакуваните бои? 

Дури и ако сакате да ги офарбате природно велигденсите јајца, не мора да се откажувате од бои. Еве како можете да добиете цела палета на шаренила:

Жолта: Со куркума ќе добиете сончево жолта боја. Со цветови од камилица, бојата ќе биде многу понежна.

Портокалова: Класика во природното фарбање: Лушпи од кромид. Овие се варат заедно со јајцата, а пото се оставаат уште 30-тина минути да се упие бојата. За портокалова боја можете да користите и моркови.

Розе и црвена боја:  цвекло или лушпи од црвен кромид даваат навистина убави пигменти. Сакате посветли нијанси: едноставно скратете го времето на јајцата во бојата.

Сина или лила:  користете боровинки, аронија, црвена зелка или холундер за да добиете различни нијанси на сини и лила тонови. 

Зелена: коприва или магдонос, како и спанаќ ќе им ја дадат вистинската зелена боја на вашите велигденски јајца.

Кафена: Црн чај или кафе ќе ви помогнат во добивањето на оваа нијанса. 

→ Мал совет: кој сака да ја заврши работата побрзо, едноставно може да користи природни сокови (цвекло, холундер и сл.) или пак прав од куркума.

  1. dmBio Classic органско кафе, 500 г

    dmBio

    Classic органско кафе, 500 г

  2. dmBio органско кокосово масло, 300 мл

    dmBio

    органско кокосово масло, 300 мл

  3. dmBio органски јаболков оцет, 500 мл

    dmBio

    органски јаболков оцет, 500 мл

Крај на листата