КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Од нас за Вас!

Драги купувачи,

Со цел полесно и навремено информирање во овие времиња, ви ги издвојуваме најчесто поставуваните прашања. Ја следиме целата ситуација и сме спреми да реагираме соодветно на сите предизвици кои ни ги поставува опкружувањето. 
Најчесто поставуваните прашања прочитајте ги во продолжение, а за дополнителни информации ви стоиме на располагање на нашите канали:
Info@dm.mk  
www.facebook.com/dm.Makedonija
www.instagram.com/dm_makedonija/
 

Зошто dm дрогериите остануваат отворени?

Според владините одлуки дрогериите се класифицирани како места кои се важни за набавувањето на производи за секојдневна употреба. Во понуда на нашите потрошувачи им нудиме голем број на производи кои се наменети за задоволување на нивните секојдневни потреби, како што се храна и производи за нега на бебиња, органска храна, сертифицирана безглутенска храна и додатоци во исхрана, производи за лична хигиена, како и производи за чистење и дезинфекција.  Со цел зголемување на достапноста на секојдневно потребните производи за широката потрошувачка нашите дрогерии ќе продолжат да работат, а по потреба со измена на работните времиња. Доколку дојде до затворање на поединечни дрогерии поради одредени мерки на претпазливост или други локални околности, сите релевантни информации ќе ги пронајдете на нашата веб страна и во самите дрогерии. Актуелните работни времиња можете да ги погледнете тука.

Дали ќе има промени во работното време на dm дрогериите?

Константно ги следиме сите владини мерки и препораки и реагираме во согласност со нив. Работните времиња на нашите дрогерии се веќе ревидирани и во моментов се различни од дрогерија до дрогерија. Актуелните работни времиња можете да ги погледнете тука. Во нашиот фокус, пред сѐ се наоѓа здравјето на нашите вработени и нашите купувачи, како и снабдување на населението со потребните производи. Ако во одредени дрогерии дојде до дополнителна промена на работното време, информациите за тоа ќе бидат достапни на нашата веб страна и во самите дрогерии.

Дали е безбедно да се пазари во dm?

Здравјето на нашите вработени и нашите купувачи е наш главен приоритет. Со цел зачувување на јавното здравје, во тековното работење се придржуваме до сите препорачани безбедносни стандарди кои подразбираат зголемена хигиена и дезинфекција на рацете како и зголемено одржување и редовна дезинфекција на сите продажни објекти како и централата. Покрај тоа во самите продажни објекти е укинато користењето на тестери од производите, како мерка на претпазливост повлечени се сите печатени материјали, поставени се бележници за одржување на растојание на подот, а воедно поставени се и известувања за препораките и мерките на превенција кои се пропишани, со цел спречување на понатамошно ширење на корона вирусот. Вработените во дрогериите, како мерка на претпазливост носат ракавици и заштитни маски. Дополнително на сите каси во продажните објекти поставени се заштитни прегради како додатна превентивна мерка за заштита, како на вработените така и на потрошувачите. Апелираме до нашите потрошувачи и тие да ги почитуваат мерките на претпазливост, да го одржуваат пропишаното растојание и по можност да плаќаат со користење на платежни картички.

Во рамки на работните групи мерките континуирано се евалуираат, како би реагирале навремено на ситуацијата која се менува од ден за ден.

Дали плаќањето со картича е задолжително?

Плаќањето со картички не е задолжително. Истото е само сугестија со цел подобра превенција и заштита. Купувачите и понатаму може да плаќаат готовински и со подарок ваучери од dm.

Дали вршите online продажба или достава на вашите производи? 

Воведувањето на online продажба или обезбедување на друг тип на достава е навистина голем проект, кој не може да се изведе во ваков краток рок. Моментално сите наши напори се насочени кон обезбедување на филијалите со потребните средства и залихи, како би можеле да ги задоволиме сите потреби нашите купувачи.

Дали имате средства за дезинфекција и заштитни маски? 

Овие производи главно се достапни во нашите дрогерии, но заради зголемената побарувачка може да има појава на производи кои не се достапни. Ситуацијата се разликува од дрогерија до дрогерија. Работиме заедно со нашите добавувачи на ублажување на ефектот на зголемената побарувачка и  константно обезбедување на нови количини. За жал, не можеме да дадеме конкретна информација за тоа кога и колку долго одредени производи ќе бидат достапни во продажба.

Дали постои ограничување при купувањето на одредени производи? 

Не постојат општи ограничувања на количината при пазарување во dm дрогериите. Меѓутоа, dm го задржува правото по потреба, за одредени производи, во одредени дрогерии да воведе ограничувања на количините, сѐ со цел да осигура снабдување на што повеќе купувачи. Праќаме апел до нашите купувачи да постапуваат одговорно при купувањето. 

Како dm се грижи и ги заштитува своите вработени и купувачите?

Преземаме низа мерки за одржување на безбедноста кои подразбираат зголемена хигиена и дезинфекција на рацете како и зголемено одржување и редовна дезинфекција на сите продажни објекти како и централата. Покрај тоа во самите продажни објекти е укинато користењето на тестери од производите, како мерка на претпазливост повлечени се сите печатени материјали, поставени се бележници за одржување на растојание на подот, а воедно поставени се и известувања за препораките и мерките на превенција кои се пропишани. Вработените во дрогериите, како мерка на претпазливост  носат ракавици и заштитни маски. Дополнително на сите каси во продажните објекти поставени се заштитни прегради како додатна превентивна мерка за заштита, како на вработените така и на потрошувачите. 
На вработените од различните административни сектори им е овозможена можност да работата од своите домови со обезбедување на неопходните ИТ уреди, а сите состаноци и понатаму ќе продолжат да се одвиваат исклучиво преку видео јавувања, маил или телефонски.

Здравјето на нашите вработени и нашите купувачи е наш главен приоритет. Мерките во рамките на работните групи континуирано се евалуираат, како навремено би се реагирало на постојано променливата ситуација. 
 

Како ние, како купувачи, можеме да ви помогнеме?

За да се заштитите себеси, другите купувачи и нашите вработени, ве молиме да се држите едни од други на пропишано растојание, по можност да плаќате со картичка и да ги почитувате општите зададени мерки за претпазливост.

Мијте ги рацете редовно, не допирајте ги очите, носот и устата, доколку кашлате или кивате држете го лактот свиткан пред пределот на устата и носот или користете хартиена марамица.