Најчесто поставувани прашања
1. Зошто големите ќеси во dm се наплаќаат? 
1. Зошто големите ќеси во dm се наплаќаат?
dm од октомври 2015 година, во Македонија, ја започна кампањата за смалување на употребата на еднократните пластични ќеси за пазарување и заедно со Вас да истакне прифатливи решенија со кои би придонеле за почиста животна средина и подобро утре. При пазарувањто во dm имате можност да одберете некои од трајните торби, кои ви стојат на располагање, а се изработени од рециклирана фолија и памук, што претставува еколошка алтернатива за пластичните ќеси. Доколку се одлучите да набавите трајна торба, добивате гаранција за цел живот, односно, доколку истата во било кој момент Ви се оштети, ќе ви ја замениме бесплатно во било која наша дрогерија. Ова воопшто не претставува начин за зголемување на продажбата на овие торби, туку нашата цел е да ги вратиме старите потрошувачки навики, што ќе претставува прв чекор кон намалувањето на еднократните ќеси и ќе допринесе за почиста и поздрава животна средина.
2. Зошто постои разлика помеѓу цените во однос на dm Германија? 
2. Зошто постои разлика помеѓу цените во однос на dm Германија?
Во Македонија цените на dm марка прозиводите се повисоки од германските цени, како резултат на дополнителните трошоци кои настануваат при увоз, односно царинските трошоци, анализни, како и транспортни трошоци. Преку различни ценовни погодности, акции и намалувања, се обидуваме на Вас, нашите ценети потрошувачи, да Ви пружиме поповолно пазарување на Вашите омилени производи од сите асортимани.
3. Зошто асортиманот на dm не е ист во сите dm земји?
3. Зошто асортиманот на dm не е ист во сите dm земји?
Понудата на dm во Македонија опфаќа повеќе од 13.000 производи за убавина и здравје, за бебиња и домаќинство, фото производи, храна за домашни миленици, текстилни производи, како од познати светски брендови, така и од домашни производители.Овој разновиден асортиман го дополнуваат и производите од dm марка асортиманот. Со својот млад и динамичен тим од и меѓународен „know-how“, dm секогаш се труди, во согласност со законските услови во Македонија, на своите купувачи да им ги стави на располагање најновите светски трендови, како и да ги одржи во тек со сите актуелни случувања и производи од светот на убавината и здравјето.
4. Што значи слоганот „Тука сум човек, тука купувам“ ? 
4. Што значи слоганот „Тука сум човек, тука купувам“ ?
dm е организација која е активна во 12 европски земји под ист слоган - „Тука сум човек, тука купувам“. Ова е ветување, со кое во центарот на вниманието се поставува човекот како индивидуа, без разлика дали станвува збор за купувач или вработен. dm на секој човек му нуди понуда, која нему му одговара и која ќе ја истакне неговата индивидуалност. Својата филозофија dm ја остварува преку богатата асортиманска понуда, љубезно и компетентно советување од страна на вработените, како и пристапноста кон своите купувачи.
5. Дали ќе воведеме „on line shop“? 
5. Дали ќе воведеме „on line shop“?
За сега, воведувањето на ваква можност за пазарување не е сѐ уште во план, но предлозите и импулсите, добиени од нашите купувачи навистина ни значат и не поттикнуваат да размислуваме на воведување на нови алтернативни опции за ваква услуга.
6. Дали ќе воведеме програма за лојалност? 
6. Дали ќе воведеме програма за лојалност?
За да им овозможиме на сите наши купувачи транспарентни понуди, во Македонија моментално, наместо програма за лојалност имаме редовни двонеделни акции „Супер Цени, Супер Акција“, кои нудат атрактивни производи со попусти и до -50%.
7. Дали производите од асортиманот на dm марка се тестирани на животни? 
7. Дали производите од асортиманот на dm марка се тестирани на животни?
Едно од главните начела на работењето на dm е, на своите купувачи да им понуди производи кои не се штетни за здравјето и за животната средина. Затоа ниеден производ од асортиманот на сопствената трговска dm марка не е тестиран на животни. Секогаш се трудиме да делуваме што е можно посвесно за човекот и за околината. Тоа значи дека, покрај тоа што се грижиме за ресурсите, одговорно се однесуваме и кон сите живи организми. Затоа, тестирање на производи врз животни е нешто што секогаш настојуваме да го избегнеме. Покрај тоа, сите наши соработници се обврзани дека, производите кои ќе бидат обезбедени за dm ќе бидат во склад со сите услови и меѓународни стандарди за квалитет, како и со запазени законски регулативи.
Нега на лице
1. Кој производ за чистење лице е најдобар за мене? 
1. Кој производ за чистење лице е најдобар за мене?
Производите за чистење на лице имаат различни функции. За нормална и комбинирана кожа препорачуваме гелови и лосиони за миење, додека за сува кожа најпогодни би биле емулзиите како млеко за чистење лице и емулзија за миење лице. Млекото за чистење темелно ја чисти кожата од остатоци од шминки и нечистотии и ѝ дава влажност. Лосионите за лице ќе ѝ дадат на Вашата кожа дополнителна свежина. Лосионите најчесто се користат по чистење на лицето со млеко. Геловите за миење лице со помош на посебните состојки, на пр. микрочестички, ги отстрануваат изумрените клетки од површината на кожата.
2. Што е мицеларна вода?
2. Што е мицеларна вода?
Средство за чистење лице. Станува збор за посебен вид на чистач за лице, со т.н. „Мицели“, кои се со слична текстура како и клеточните мембрани, па затоа подобро продираат низ кожата и го чистат лицето потемелно. Предноста на мицеларните раствори е во темелното чистење на лицето од шминка. Едноставно се нанесува на памукче и се пребришува лицето, без измивање.
3. Кои производи се препорачуваат за чувствителна кожа? 
3. Кои производи се препорачуваат за чувствителна кожа?
При чувствителна кожа, придржувајте се до користење на производи кои се означени дека се наменети за ваков тип, кои не содржат бои, мириси и конзерванси, како на пример линијата од Balea MED Ultra Sensitive. На чувствителната кожа и одговаат креми на природна база.
4. Кои креми се препорачуваат ако имате проблем со т.н. Т-зона?
4. Кои креми се препорачуваат ако имате проблем со т.н. Т-зона?
При проблеми со Т-зоната или комбинирана кожа најдобро би било да се употребува хидратантна крема за целото лице. За зрела кожа се препорачува хранлива или витаминска крема за лице, за ноќна употреба. За Т-зоната се препорачуваат и фластери за чистење на оваа зона.
5. Кој крем од alverde се препорачува за дневна нега на лице?
5. Кој крем од alverde се препорачува за дневна нега на лице?
За нормална и комбинирана кожа се препорачува alverde флуид за лице. Доколку потрошувачот посакува нежен потемен тен, може да се препорача alverde тониран крем за лице од бадем, кој е наменет за сите типови кожа.
6. Кој крем се препорачува за проширени пори на лицето?
6. Кој крем се препорачува за проширени пори на лицето?
Проширени пори на лицето вообичаено се резултат на мрсна кожа, па за тоа се препорачува некоја од кремите за од колекциите „за помлади„ или обичен хидратантен крем за лице.
7. Кои производи треба да се користат за нега на проблематична кожа кај млади?
7. Кои производи треба да се користат за нега на проблематична кожа кај млади?
Најмногу се препорачува користење на лосион за лице, влажни марамици или крем за секојдневно чистење, хидратантна нега или антибактериски коректор за секојдневна употреба. Се препорачува и употреба на пилинзи и фластери против акни.
8. Од која година се препорачува употреба на Balea Vital производите?
8. Од која година се препорачува употреба на Balea Vital производите?
Процесот на стареењето на кожата е индивидуален. Balea Vital линијата се препорачува од 45-та до 55-та година, додека Vital+ се препорачува за лица од 55 до 70 години.
9. Дали може дневниот крем да се користи и навечер? Која е разликата?
9. Дали може дневниот крем да се користи и навечер? Која е разликата?
Не. Задачата на дневниот крем е одржување на кожата хидрирана и заштита на истата од штетните надворешни влијанија, додека ноќните креми имаат задача да ја регенерираат и хидрираат кожата. Од таа причина ноќните креми содржат супстанции кои имаат поинтензивно дејство за нега, исхрана и регенерација на кожата.
10. Зошто не се препорачува употреба на детски креми за нега на возрасни?
10. Зошто не се препорачува употреба на детски креми за нега на возрасни?
Детските креми за лице се наменети само за детска кожа и служат строго за заштита од надворешни влијанија. Ваквите креми во својот состав немаат никакви активни состојки, па заради тоа не се препорачуваат за нега на кожата на возрасни.
Депилација
1. На кој начин делува Куензимот Q10 на кожата?
1. На кој начин делува Куензимот Q10 на кожата?
Куензимот Q10 го успорува стареењето на кожата, го обновува имунолошкиот состав и допринесува во одбрана од инфекции и го спречува дејството на слободните радикали врз кожата. Заради намаленото производство на колаген, нашата кожа добива исушен изглед. Слободните радикали го забавуваат производството на Колагенот и го забрзуваат стареењето на кожата. Куензимот Q10 го неутрализира нивното дејство, а со тоа и ги отстранува бариерите за производство на колаген и со тоа помага при превенција на развојот на старечките бои и дамки.
2. Која е разликата помеѓу целулитот и дебелината?
2. Која е разликата помеѓу целулитот и дебелината?
Во двата случаи станува збор за масни клетки, со таа разлика што кај целулитот се работи за посебен вид масни клетки, кои не служат за добивање енергија, туку само за складирање маснотии. Тоа е вистинската причина зошто диетите и физичката активност немаат големо влијание врз целулитот, туку само на дебелината. Целулитот може да се појави исклучиво кај жени, заради разликите во физичката градба и хормоните.
3. Како правилно против целулитот- со одбирање на прави креми и лосиони?
3. Како правилно против целулитот- со одбирање на прави креми и лосиони?
Иако крем кој целосно ќе не ослободи од целулитот сѐ уште не е пронајден, факт е дека анти-целулитните прозиводи се вистински „Boom“, поготово во летните денови. По правило, кремите, лосионите и геловите делуваат така што ја подобруваат циркулацијата, го топат масното ткиво или го поттикнуваат излачувањето на заостанатите течности, со помош на најразлични и многу необични состојки. Покрај овошната киселина, различни ензими, екстракти од алги, гинко, артичока, костени или бршлен, најновите креми содржат и екстракти од бели лилјани, зелено кафе, зрна од чола или пак магнетизирани микрокристали.
4. Кои препарати се препорачуваат за личности со проширени вени/капилари?
4. Кои препарати се препорачуваат за личности со проширени вени/капилари?
Со оглед на чувствителноста, тоа никако не смеат да бидат препарати на база на цимет, кој го загрева пределот на кој се нанесува, туку треба да бидат базирани на состојки кои имаат разладувачки ефект, на пр. Гарцинија. Тука спаѓаат и специјалните кали, кои се специјално наменети за проблеми со проширени вени.
Депилација
1. Која е разликата помеѓи топол и ладен восок? 
1. Која е разликата помеѓи топол и ладен восок?
Многу личности се одлучуваат за депилација со ладен восок од хигиенски причини, како и поради малата веројатност да се здобиеме со изгореници. Сепак, ладниот восок не се препорачува за бикини зоната, која е тенка и затегната, па постои можност да се појават подливи
2. Како да се спречи појава на поткожни влакненца? 
2. Како да се спречи појава на поткожни влакненца?
Пред депилацијата, се препорачува да се истрие кожата со пилинг, како би се отвориле порите и би се ослободиле влакненцата, па потоа да се примени депилација со восок, како би се спречила појавата на овие несакани поткожни влакненца.
Нега на кожа за време на бременоста
1. Како да се спречи појавата на стрии?
1. Како да се спречи појавата на стрии?
Бременоста е процес при кој најчесто се појавуваат стрии, како резултат на зголемувањето на тежината на жените. За да се избегне оваа појава, потребно е да се користат посебни производи кои ја поттикнуваат хидратацијата и еластичноста на кожата, посебно во пределот на градите, стомакот и градниот кош.
Природна козметика
1. Што содржи природната козметика? 
1. Што содржи природната козметика?
Органската козметика содржи природни, органски одгледани состојки, со што се избегнува уотребата на вештачки, и за луѓето, животните и околината потенцијано опасни состојки. Станува збор за природно добиени состојки, кои може да бидат физички и хемиски обработени, како и за води со минерални состојки.
2. Зошто е добра природната козметика? 
2. Зошто е добра природната козметика?
Постои одредена група на потрошувачи кои се со висока еколошка свест и едноставно ја обожуваат природната козметика. Со купувањето на таков препарат, постигнуваме дополнителна вредност, како за убавината, така и за околината. Исто така, при изработка на природните производи, не се употребуваат состојки кои се со дискутабилно влијание врз човековото здравје како наночестички, ГМО и сл.
3. Сертификати 
3. Сертификати
Во Германија е регистрирано здружение (BDIH) за контрола на индустриите и фармацевските трговските организации, производите за здравје, додатоци во исхрана и лична хигиена. Здружението е со седиште во Манхајм, и брои повеќе од 450 производители и дистрибутени за:
- козметика и природна козметика;
 - додатоци во исхрана;
 - нутриционистичка исхрана;
 - лекови во слободна продажба;
 - медицински помагала.
 
Логото „Vegan“ е регистриран заштитен симбол за вегански производи и се појавува на илјадници производи кои се без никакви животински состојки. Производите означени како „Vegan“ се исклучиво на база на растителни екстракти. Најчестите состојки кои се наоѓаат во производите за нега на кожа, како на пр. пчелин восок, ланолин (маст добиена од волна од овци), желатин (од животински коски и влакна), сквален (добиен од црн дроб на ајкула) не се прифатливи во производството на овие производи.
 
Дезодоранси
1. Која е разликата помеѓу „суви„ и „влажни„ дезодоранси? 
1. Која е разликата помеѓу „суви„ и „влажни„ дезодоранси?
Производите кои се базирани на алуминиумски хлорохидрати се т.н. Антиперспиранти (суви) кои содржат прав, а со тоа подобро ја врзуваат потта, па со тоа даваат и пријатно чувство на сувост. Најголем број производи кои се на база на алкохол се „влажни„, ја разладуваат кожата, и само го ублажуваат непријатниот мирис на пот. Најмногу се разликуваат во тоа што „влажните„ производи даваат дополнително чувство на свежина и разладување.
2. Кои препарати се подобри за употреба, антиперспиранти или дезодоранси? 
2. Кои препарати се подобри за употреба, антиперспиранти или дезодоранси?
На пазарите постојат многу препарати, со чија употреба, во комбинација со секојдневните средства за хигиена може да постигнете многу. Дезодорансите не го спречуваат потењето, туку само го прикриваат непријатниот мирис на потта и оставаат пријатен миризлив траг. За разлика од нив, антиперспирантите делуваат двократно, истовремено штитат од потење, како и од непријатните мириси од истото. Според ова, за оние кои почесто се потат се препорачува употреба на анти перспиранти, додека за оние, кај кои овој физиолошки процес е послаб, се препорачува користење на антиперспиранти само во летно време, додека во останатиот дел од годината може да се употребува само дезодоранс.
Состојки во козметичките производи
1. Зошто некои производи се на база на масло од јојоба? 
1. Зошто некои производи се на база на масло од јојоба?
Маслото од јојоба е природно масло, кое се добива од пустинската грмушка, јојоба. Всушност, станува збор за течен восок, а не за масло. Овој високо квалитетен восок се употребува во козметиката заради неговото лековито дејство кон кожата, која ја штити од сушење и не остава масни траги. Со тоа кожата се негува и се регулира нејзината влажност.
2. Што е хијалуронска киселина? 
2. Што е хијалуронска киселина?
Хијалуронската киселина го поттикнува производството на колаген и еластин. Оваа природна киселина е одговорна за способноста на кожата да ги врзува водните молекули. Количината на хијалуронската киселина, која се наоѓа во кожата, ја одредува нејзината еластичност, а најмногу ја има во сврзното ткиво на новороденчињата. По 40-та година, оваа количина се намалува речиси за пола, а од 60-та година, во составот на кожата преостанува околу само 10% хијалуронска киселина
Дентална нега
1. Која е разликата помеѓу забните конци со восок и без? 
1. Која е разликата помеѓу забните конци со восок и без?
Забните конци премачкани со восок лесно ги провлекуваме помеѓу нашите заби. Истите се потешко кинливи и не се раздвојуваат на краевите. За почетници, се препорачува употреба на забен конец без восок, кој гарантира добро чистење на просторот помеѓу забите, заради сѐ уште несовладаната правилна техника на користење на конецот.
2. Дали електричната четка за заби може да се употребува секојдневно
2. Дали електричната четка за заби може да се употребува секојдневно
Секако. Електричната четкичка само го поедноставува миењето на забите, така што „сама„ изведува кружни движења, кои се неопходен дел од правилната техника за миење на заби. Електричните четкички за заби е потребно да се користат, исто како и обичните четкички, 2-3 пати дневно.
3. За што служат течностите за плакнење уста? 
3. За што служат течностите за плакнење уста?
Течностите за уста имаат за цел намалување на крварењето и спречување на болести на непцата. Истите не се во никој случај замена за миење на заби или чистење со конец.
4. Како најдобро да ги измиете детските запчиња? 
4. Како најдобро да ги измиете детските запчиња?
Користете мала четкичка за заби. Со кружни движења преминувајте преку забите, при што мора да внимавате конкретно на просторите помеѓу забите и непцето. Штом Вашите деца научат како да ги исплукуваат течностите од устата, може да се почне со употреба на пасти за заби збогатени со флуор, во количина колку зрно грашок. Секако, при редовниот преглед на забите, треба да го замолите Вашиот стоматолог да Ви ја покаже правата техника на миење на детските заби.
5. Како да ја спречите појавата на забен камен? 
5. Како да ја спречите појавата на забен камен?
Најделотворно против забниот камен се делува со редовно четкање на забите, по можност со електрична четкичка, и тоа минимум 2 пати на ден по 3 минути. Дополнително се препорачува и професионално чистење на каменот кај Вашиот стоматолог, најмалку еднаш во годината.
Сончева козметика
1. Што е разликата помеѓу UVA и UVB зраците? 
1. Што е разликата помеѓу UVA и UVB зраците?
UVB зрачењето е со кратка бранова должина и е главниот виновник за појавата на изгореници, оштетување на кожното ткиво појава на малигни заболувања на кожата.
 
UVА зраците се со подолга бранова должина, не предизвикуваат изгореници на кожата, туку нивните последици се видливи многу подоцна. UVА зрачењето продира длабоко во кожата и предизвикува нејзино предвремено стареење, појава на брчки и губиток на еластичноста на кожата, а исто така го зголемуваат ризикот од појава на рак на кожа.
 
2. Дали ако се намачкате повторно со средство за сончање може да останете подолго на сонце? 
2. Дали ако се намачкате повторно со средство за сончање може да останете подолго на сонце?
Со повторното нанесување на средство за сончање можете да го продолжите престојот на сонце, но секогаш мора да се има предвид дека, дополнително нанесување на средство за сончање со ист заштитен фактор, не го зголемува самиот заштитен фактор.
3. Дали на детската кожа ѝ е потребно посебно млеко за сончање? 
3. Дали на детската кожа ѝ е потребно посебно млеко за сончање?
Детската кожа е почувствителна, па затоа неа и е потребен и повисок заштитен фактор, не помал од 20. Она што може да се препорача за деца се препарати кои не содржат дополнителни парфеми и конзерванси. Доколку купувањето на различни производи за деца и возрасни, за Вас претставува преголем трошок, Ви препорачуавме целото Ваше семејство да користи средства за сончање за деца.
Нега за мажи
1. Кои се основните чекори при бричењето? 
1. Кои се основните чекори при бричењето?
- Со млака вода навлажнете ја кожата на лицето, по потреба измијте ја кожата со гел;
 - Нанесете го омиленото средство за бричење и оставете го малку време да продејствува;
 - Со брич избричете ги влакната;
 - Измијте го лицето со ладна вода, за да ги затворите порите;
 - Нанесете After-shave или балзам за да ги спречите иритациите.
 
Интимна хигиена
1. Што значат капките, насликани на пакувањата на влошките, т.е. тампоните? 
1. Што значат капките, насликани на пакувањата на влошките, т.е. тампоните?
Колку повеќе капки има насликано на пакувањето, толку повеќе течност може производот да впие. Според тоа, може да се употребуваат индивидуално, според интензитетот на циклусот. Влошките и тампоните со 1 капка се порепорачуваат за „послабите„ денови од циклусот, додека оние со по 3 насликани капки се порпорачува да се користат во поинтензивните денови.
2. Која е разликата помеѓу normal и comfort тампоните? 
2. Која е разликата помеѓу normal и comfort тампоните?
Comfort тампоните имаат пооштар врв и помазна површина, а со тоа може полесно да се наместат. Затоа се посебно погодни за „послабите„ денови од циклусот.
Нега на стопала
1. Дали може да се отстрани задебелената кожа на стопалата? 
1. Дали може да се отстрани задебелената кожа на стопалата?
Задебелената кожа на стопалата може да се редуцира со употреба на механички средства (туприја, и тн.). Тврдата кожа се јавува како заштитна функција на телото, па затоа мора да се третира само со хидратантни креми. Доколку ова не се почитува, тврдата кожа ќе постане задебелена кожа
2. Како може да се намали потењето на стопалата? 
2. Како може да се намали потењето на стопалата?
Доколку се носат на пр. памучни чорапи или кожни обувки, кои ѝ дозволуваат на кожата да дише. Исто така се препорачува редовна нега со дезодоранси и пудри за стопала. Пудрите за стопала мора да се користат умерено, заради тоа што, прекумерна употреба на истите може да доведе до запушување на ножните жлезди.
3. Дали габилните инфекции на стопалата се знак на недоволна хигиена? 
3. Дали габилните инфекции на стопалата се знак на недоволна хигиена?
Не. Настанувањето на габичните инфекици може секогаш да се појави и развие при пад на имунитет, на пр. поради настинка. Посебна нега е потребна за стопала кои често се потат, бидејќи потта е идеална подлога за развој на габичките.
Нега на коса
1. Што е потребно да се преземе пред секое фарбање на коса? 
1. Што е потребно да се преземе пред секое фарбање на коса?
Пред секое фарбање на Вашата коса, задолжително направете тест за чувствителност на кожата. Истиот е неопходен за утврдување на можна преосетливост кон производот. Иако ретка, оваа чувствителност може да се развие со тект на времето, па затоа овој процес треба да се прави секогаш пред да ја нанесете фарбата, дури и ако користите ист производ подолго време.
2. Како се делат фарбите според составот и делувањето? 
2. Како се делат фарбите според составот и делувањето?
Модерните фарби за коса, според составот и делувањето се делат на директно врзувачки и оксидациски. Дирекно врзувачките во својот состав имаат само колор пигменти, кои косата лесно ги апсорбира, со што не е потребна никаква хемиска реакција за да дојде до до промена на бојата на влакното. Овие фарби лесно се раствораат во вода, а со самото тоа и лесно се испираат, а слабо или воопшто не ја покриваат седата коса. За разлика од нив, оксидантните фарби не се мијат и овозможуваат лесно покривање на седите влакна. За нивно добивање неопходни се две компоненти – крем за фарбање со еленемти како што се резорцин, амонијак, 7-нафтол и/или фениелдиамон (во зависност од нијансата), и емулзија која содржи водород-пероксид.
3. Како се делат фарбите за коса според трајноста? 
3. Како се делат фарбите за коса според трајноста?
Фарбите, според трајоста ги делиме во три групи: оние кои се измиваат и го губат интензитетот на бојата, полу-трајни и трајни!
- Првите се наменети за сите оние кои сакаат почесто да експериментираат со својот изглед. Овие фарби се идеални доколку потрошувачот сака да испроба, како одредена нијанса би изгледала на нивната коса, пред да се одлучат за подолгорочна варијанта. Исто така, може да се употребуваат помеѓу две долготрајни фарбања, како би се освежила веќе постоечката боја. Едноставни се за употреба и нанесување, а при тоа и доста благи према косата, затоа што не содржат амонијак и водород-пероксид
 - Полу-трајните фабри траат помеѓу 24 и 28 миења на косата. Содржат колор крем која се меша со нископроцентен хидроген, со што се неутрализира дејството на амонијакот или нему сличните супстанции, со што бојата се задржува на површината на влакното, а со тоа и подоцна лесно се измива.
 - Трајните фарби кои се и воедно најзастапени, содржат емулзии за развивање боја, што овозможува бојата да продре подлабоко во структурата на влакното. Смесата од колор крем и емулзија се нанесува на косата по што самата продира низ кутикулата, сврзниот дел на влакното, сѐ до внатрешниот слој, кортексот, каде се наоѓа меланинот. Со помош на пероксидот во боја, меланинот се разбива и се заменува со нова боја. Трајните фарби не се измиваат, туку со текот на времето го губат интензитетот, додека природната боја ќе се појави во темето при раст на косата.
 
4. Дали е штетно фарбањето за време на бременоста?
4. Дали е штетно фарбањето за време на бременоста?
Фарбањето на коса не се препорачува за време на првите месеци од бременоста. Ако сепак се одлучите да го направите тоа, се препорачува употреба на препарати со помал процент на амонијак (преливи или колор шампони).
5. Дали деца може да користат шампон за возрасни?
5. Дали деца може да користат шампон за возрасни?
Не. Детските шампони се прилагодени за нега на чувствителната детска коса.
Диететски суплементи
1. Кои препарати се препорачуваат за подобрување на концентрацијата кај деца? 
1. Кои препарати се препорачуваат за подобрување на концентрацијата кај деца?
Препарати исклучиво наменето за деца: мултивитамински сирупи, таблети или капсули, разни препарати со железо, како и мешавина од бадеми, ореви, сушено овошје, мусли, интегрални житарки, мед, витамински сокови и избалансирана исхрана.
2. Што е делотворно при подуеност во стомакот? 
2. Што е делотворно при подуеност во стомакот?
Доста ефикасни при вакви тегоби се ким, морач, анасон и колијандер.Исто така, при подуенсот може да помогне и лук, а делотворни против оваа непријатна појава се и нането, камилицта, пелин и маточина.
3. Како да се делува превентивно против појавата на проширени вени? 
3. Како да се делува превентивно против појавата на проширени вени?
Поволно влијание на вените има витаминот Ц, колагенот, гелови на база на див костен и лисја од винова лоза. Корисно е, превентивно носење на еластични чорапи, како и удобни чевли, со благо подигната пета.
4. Каква суплементација се препорачува за дијабетичари? 
4. Каква суплементација се препорачува за дијабетичари?
Витамин Д, Куензим Q10, Мултивитамин Б, (посебно Б6 и Б12(, хром, витамин Ц, магнезиум. Исто така, доста корисен е и циметот како добар антиоксидант, кој помага во спречување, лечење и смалување на компликациите поврзани со дијабетисот.
5. Кои се карактеристиките на Хималајската сол? 
5. Кои се карактеристиките на Хималајската сол?
Хималајската сол е најчистата и најздравата сол во светот, благодарение на 84-те различни елементи кои се наоѓаат во нашиот организам, па со тоа го комплементира и снабдува нашето тело со сите потребни минерали. Лесно се апсорбира и спречува дехидрација на организмот. Го регулира нивото на шеќерот во крвта и спречува појава на дијабетис, го регулира метаболизмот и процесот на варење на храната. Корисна е и за здравје на синусите, спречува грчеви во мускулите, ја подобрува циркулацијата и делува позитивно на детосксикацијата на крвта. Помага за зајакнување на коските кај деца, ја подобрува работата на црниот дроб и бубрезите, клетките во мозокот и ја подобрува концентрацијата.
Парфимерија
1. Дали парфемите имаат рок на траење? 
1. Дали парфемите имаат рок на траење?
По правило, парфемите немаат рок на траење, додека кај некои истиот е наведен на самото паквање. Парфемите треба да се чуваат на темни и ладни места, на собна температура. Сепак, едно правило важи секогаш...парфемот е отворен да се користи, не да се чува!
2. Колку алуминиумот во дезодорансите е штетен по здравјето? 
2. Колку алуминиумот во дезодорансите е штетен по здравјето?
Алуминиумот во дезодорансите го загрозува здравјето, па потрошувачите би требале значително да ја намалат употребата на оние дезодоранси кои во себе содржат метали. Сѐ уште нема научни докази за поврзаноста на алуминиумот со ракот на дојките, ама експертите и натаму укажуваат на сознанијата дека поголема доза на алуминиум има невротоксично влијание на луѓето и штетат на фетусот кај животни.
3. Кога маслата се карактеризираат како етерични? 
3. Кога маслата се карактеризираат како етерични?
За сите масла, при чие производство се употребени миризливи супстанции, се користи заедничкиот назив етерични масла (на пр. масло од лаванда или масло од портокал). Аналогно на тоа, немиризливите масла, како сончогледовото масло, не е етерично масло.
4. Каде е најубаво да се нанесе парфемот? 
4. Каде е најубаво да се нанесе парфемот?
Мирисот од парфемите најдобро се развива на оние места на кои кожата е топла и добро покриена. Се препорачува да се нанесува:
- позади ушите;
 - на слепоочниците;
 - на зглобовите на рацете;
 - свежо измиена коса.
 
Декоративна козметика
1. Какви видови на коректори постојат? 
1. Какви видови на коректори постојат?
Течни коректори – хајлајтери се идеални за прекривање на подочниците. Овие коректори треба да ги користат жените во зрели години, како и сите оние со чувствителна и тенка кожа.
2. Што се BB, а што CC креми? 
2. Што се BB, а што CC креми?
BB кремите се комбинација од хидратантни и тонирани креми. BB нема да ги замени другите креми за стандардна нега на лицето, ама може да го помогне дејството на истите овие. BB кремите се навистина лесни за кожата, не предизвикуваат ефект на маска и не ги затвораат порите на лицето како некои други базни пудри.
CC или Color Control кремите се „напредна верзија„ на BB кремите, што значи дека ја поседуваат негувателната моќ на BB кремите, а прекриваат како пудра со средна јачина. Идеална е за сите со изразени неправилности на кожата на лицето.
3. Каква боја треба да биде моливот за усни и како се нанесува? 
3. Каква боја треба да биде моливот за усни и како се нанесува?
Пред нанесување на кармин, потребно е да се исцрта работ на усните со молив. На тој начин се остава простор за корекции на горната и долната усна, но сепак поголеми корекции ќе делуваат неприродно. Се порепорачува усната да се коригира 1-2 милиметри. Бојата на моливот за суни треба да биде иста како онаа на карминот, максимално една нијанса потемна од истиот.
Бебиња
1. Кои производи за сончање треба да се користат за бебиња? 
1. Кои производи за сончање треба да се користат за бебиња?
Бебињата имаат навистина чувствителна кожа, па мора да се мачкаат со креми со висок заштитен фактор (препорачлив ЗФ 50). Бебињата помали од 2 години немојте да ги изложувате никгоаш на дирекно сонце и секогаш мора да носат капа.
2. Како да ја негувате бебешката кожа со егзема? 
2. Како да ја негувате бебешката кожа со егзема?
- Бебето или детето бањајте го со млака вода;
 - Никогаш немојте со крпа да ја триете кожата, туку со мека ткаенина лесно тапкајте ја кожата;
 - Додека кожата е сѐ уште влажна по бањањето, хидрирајте ја кожата со лосиони или креми;
 - Децата облекувајте ги во чиста и исклучиво памучна облека, затоа што вештачките синтетички материјали, во контакт со кожата, може да ја влошат ситуацијата;
 - При спиење, бебето не го изложувајте на високи температури, бидејќи потењето може да предизвика избивање на егземот.
 
3. Која е разликата помеѓу симетрични и анатомски цуцли?
3. Која е разликата помеѓу симетрични и анатомски цуцли?
Симетричниот облик помага во природниот развој на непцата и забите кај бебињата, дури и во случај цуцлата да се сврти наопаку. Анатомските цуцли се прилагодени на обликот на детските непца и оставаат доста простор за јазикот. При цицањето, битно е цуцлата да биде правилно поставена во устата.
4. Која е разликата помеѓу силиконските цуцли-лажливки и цуцлите-лажливки од латекс? 
4. Која е разликата помеѓу силиконските цуцли-лажливки и цуцлите-лажливки од латекс?
Латексот е потполно природен материја, двојно порастеглив и подобар спроводник на топлина, со што подобро ја имитира мајчината дојка. Иако е тешко да се оштети, латексот лесно го менува својот облик. Цуцлите од латекс треба да се менуваат на 4-6 недели, односно по постанувањето на површината леплива.
Силиконот е квалитетен пластичен материјал, без мирис. Отпорен е на високи температури и е потраен од латексот, па силиконските цуцли-лажливки не го менуваат својот облик со текот на времето. Силиконот е доста чувствителен на загризи, па затоа овие лажливки треба да се менуваат веднаш кога ќе биде воочено оштетување.
Домаќинство
1. Дали втиснатиот број на пакувањето го означува последниот ден од рокот на употреба? 
1. Дали втиснатиот број на пакувањето го означува последниот ден од рокот на употреба?
Не. Тоа е производствен код, кој служи на службените органи, како и идентификациски број во случај на рекламација. Рокот на употреба е означен на пакувањата.
2. Која е разликата помеѓу прашоците и течните детергенти за перење? 
2. Која е разликата помеѓу прашоците и течните детергенти за перење?
Течните детергенти извонредно се разложуваат во вода. На тој начин избегнуваме несакани дамки од детергентот на нашите алишта.Покрај тоа, течните детергенти даваат одлични резултати и при перење на пониски температури, а и одлично ги отстрануваат дамките.
3. Може ли со детергенти за шарени алишта да се пере бела облека? 
3. Може ли со детергенти за шарени алишта да се пере бела облека?
Може, но за да го постигнеме посакуваниот степен на белина, не треба да да ги избегнуваме избелувачите и средствата за оптичко освежување.
Вегетаријанство
1. Што е замена за потребните протеини во вегетаријанската исхрана? 
1. Што е замена за потребните протеини во вегетаријанската исхрана?
Замена за месо во вегетаријанската исхрана претставуваат призводите на база на соја и тофу, бидејќи истите содржат високи количини на белковини. Во сојиното месо има структурирани белковини: Тофуто е исто така сојин производ и е богат со витамин Б и разни минерали, лесно е сварлив за организмот не содржи холестерол и не е калоричен.
Здрава исхрана
1. Што е интегрална или органска исхрана? 
1. Што е интегрална или органска исхрана?
Исхраната која е базирана на намирници од контролирано производство, со проверен квалитет во однос на потеклото (органско потелкло).
2. Што е карактеристично за еколошкото одгледување? 
2. Што е карактеристично за еколошкото одгледување?
За еколошкото одгледување е карактеристично неупотребата на пестициди и вештачки ѓубрива. Одгледувањето се темели на алтернативни методи и традиционално знаење. Тоа започнува со обработката на полињата уште во пролет. Многу внимание се обрнува на изборот на видовите на житарки кои се отпорни на болести, т.е. одговараат на тлото на кое треба да се посеат. Земјата се наѓубрува во есен, а како ѓубриво се користи измет од животни кои се хранат строго со еколошка храна. Наместо со пестициди, одгледувачите се борат со плевелот со засадување на растенија кои го попречуваат неговиот раст, како и со специјална механизација.
Во одгледувањето на животни, карактеристично за ова е големиот простор, со кој им се овозможува на животните непречено движење. Во лето, кравите обавезно се изведуваат на зелени пасишта. Кокошките не смеат да се држат затворени во кокошарници. Свињите и останатата живина, исто така, мора да имаат доволно простор за слободно движење. Лекови, ГМО,  животинско брашно и хормони се строго забранети во исхраната на животните.
3. Кои се основните карактеристики на сирупот од агава? 
3. Кои се основните карактеристики на сирупот од агава?
Здрава замена за шеќер. Со двојно поголема слаткост, па при употреба треба да се става доста помали количини при засладувањето.
Био производи
1. Која е предноста на Био производите во однос на останатите производи? 
1. Која е предноста на Био производите во однос на останатите производи?
Био производите во просек содржат до 10% повеќе витамин Ц, како и бројни минерали, како и бројот на нитрати, пестициди и антибиотици е релативно низок. Биолошки одгледаното месо се намалува многу повеќе при печење и готвење, од обичното месо. Освен тоа, Био месото содржи и многу повеќе хранливи материи, а има и посебен вкус.
Глутен
1. Што е глутен? 
1. Што е глутен?
Глутенот е белковина, односно протеин, кој се наоѓа во многу житни култури, посебно во пченицата, јачменот, 'ржта. Основната особина на овој протеин е сврзна и ги сврзува житарното брашно како би можело да се направи компактен леб. Глутенот е главниот активарот на целијачната болест.
2. Што е Целијакија или целијачна болест? 
2. Што е Целијакија или целијачна болест?
Целијакија е автоимуна болест која се карактеризира со нетолеранција на глутен. Болниот, симптомите може да ги ублажи со исфрлање на глутенот од својата исхрана. Дури и најмала количина на глутен може да предизвика реакција во тенкото црево, која предизвикува хронично воспаление пропратено со последично исчезнување на цревните ресички. Овие ресички, како и цревната слузокожа се или целосно исчезнати или делумно оштетени, со што се спречува апсорбирање на хранливите состојки.
3. Што е куензимот Q10? 
3. Што е куензимот Q10?
Куензимот Q10 е материја слична на витамините. Постојат десет врсти на Q-уензимот, ама само Q10 е присутен во човечкото тело. По структурата е многу сличен на витаминот Е, но неговото анти-оксидациско дејство е многу поголемо. Делува како катализатор и насочувач на биохемиските процеси во телото. Човечкото тело својата маскимална концентрација на Q10 ја постигнува во 20-те години, а понатаму оваа количина драстично опаѓа.
Интересно да се знае: 
- Q10 е присутен во секое човечко тело;
 - Q10 со текот на годините постојано се намалува и потребно е да се надокнади;
 - Q10 е битен за енергијата и метаболизмот – движечки мотор за клетките;
 - Q10 го подобрува процесот на регенерација на кожата и клетките – делува активно против брчки;
 - докажано ја намалува длабината на веќе постоечките брчки;
 - изразено делотворен анти-оксидант.
 
4. Креатин 
4. Креатин
Креатинот е „склад„ на енергија, ја затегнува кожата, ја подобрува структурата на кожата (го реактивира создавањето на колаген), го зајакнува одбранбениот систем за детоксикација и го спречува стареењето на кожата.
5. Хамамелис 
5. Хамамелис
Вирџинскиот орев интензивно се употребува како лековито растение. Неговото дејство е главно поврзано со спречување на крварења, ублажување на воспаленија и смалување на иритации и чешање.
6. Шеа путер 
6. Шеа путер
Шеа путерот, од сите растителни масти е оној, кој е најмалку растворлив во вода. Ова е важно за самата мекост и нежност на кожата. Шеа путерот помага, површинскиот слој на кожата да ја прими водата побрзо, а со тоа да ја направи поеластична. Така, путерот ја штити кожата од пресушување и ја забрзува регенерацијата на иритациите на површината ка кожата.
7. Како делува ретинолот? 
7. Како делува ретинолот?
Ретинол, или витамин А ја стимулира регенеративната способност на кожата и ги намалува брчките со стимулација на природниот колаген. Иако неговите хидратантни, омекнувачки и стимулативни својства се познати од многу порано, од неодамна е совладана и неговата нестабилна хемиска форма, со што е овозможено оваа субстанца да се најде во широкото козметичко производство.