КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Нашите продавници остануваат отворени за вас!

во вакви времиња сфаќаме дека нашето здравјето е вистинска привилегија. Сите ние сега носиме одговорност за тоа. Ние за вас, вие за нас. Затоа, ве повикаме на заедништво и внимание, да се поддржуваме и да внимаваме едни на други.

Преку ова известување сакаме да ве осигураме дека сите dm дрогерии продолжуваат да ги задоволуваат секојдневните потреби на сограѓаните во делот на храна и производи за нега на бебиња, органска храна, сертифицирана безглутенска храна и додатоци во исхрана, производи за лична хигиена, како и производи за чистење и дезинфекција, но со измени на работното време . 

Во согласност со мерките за заштита донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија, го променивме работното време на своите продажни објекти. 

Во работните денови од понеделник до петок, продажните објекти на dm, вклучително и во трговските центри ќе отвораат во 08:00 часот и ќе работат до 17:30, додека во сабота ќе работат во период од 08:00 до 13:30 часот. Во недела нема да работат.

Актуелните работни времиња на сите филијали можете да ги погледнете ТУКА.

Од сѐ срце би сакале да им се заблагодариме и на сите наши колеги и колешки во филијалите кои секојдневно даваат сè од себе за вас и да им кажеме едно ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ за својата за својата посветеност и верност во овие непредвидливи денови.

За сите прашања ви стоиме на располагање на нашата официјална Е-Маил адреса и на телефонскиот број:
Info@dm.mk  
+389 3222 733