dm bring your best friend - уникатно женско дружење во Маврово ❤️

Влезниците за „dm bring your best friend“, уникатниот дводневен настан што го организираме на 26 и 27 септември во хотелот Grand Chamois во Маврово, беа пуштени во продажба на 25.8 во 9 часот наутро и се РАСПРОДАДЕНИ во текот на истиот ден. Ви благодариме на сите за огромниот интерес и довербата што ни ја укажавте.
Овој настан го посветуваме на женското здравје, личниот развој и грижата за себе, а секоја од вас може да ја поведе својата најдобра пријателка.
Подготвивме богата програма со инспиративни предавања, креативни работилници, јога, фитнес активности, wellness содржини и многу можности за дружење. Ќе имате можност да ги слушнете Катерина Ангеловска, гинекологот Александар Бојаџиев, Бојана Стојменовиќ („Мој психолог“) и Драгана Младеновска. Дополнително, ќе уживате во стенд-ап настап на Тијана Дапчевиќ, како и во спа и релаксациски активности.
За секоја учесничка обезбедивме богата подарок торба со производи од бројни познати брендови. Во цената на влезницата се вклучени едно ноќевање, оброци според програмата, сите работилници и активности, како и организиран превоз и паркинг за оние кои доаѓаат со сопствен превоз.
Погледнете ја целосната агенда во продолжение 👇
