
Сонце, хлор и ветер: Совети против надворешни оштетувања на коса.
Овие 3 правила треба секогаш да ги следите, за да го задржите сјајот во вашата коса во текот на летото.
Речиси цела година со нетрпение очекуваме да дојде сончевото лето. Меѓутоа, она што е пријатно време за нашата душа, ни нанесува штета на косата. Превенција и нега на косата! Тоа е нашето мото. А ова е навистина лесно:
1. Скратете ја косата пред да одите на одмор
Хлорот во водата на базените, ветер и топлина – оваа комбинацијаа е вистински хорор за вашата коса. Посебно лесно се замрсува веќе оштетената и сува коса. Подоцна, при чешлање, врвовите се кршат. Уште пред да тргнете на одмор, разделете се од расцветаните врвови. А, дополнително ќе добиете и нега од вашиот фризер, која ќе ја направи вашата коса уште поотпорна на надворешни влијанија.
Ако сакате да ја освежите или да имате нова боја на косата, секако причекајте додека да се вратите од одмор. Јакото сонце и хлорот ќе ги избелат пигментите на косата. Доколку сепак инсистирате да ја офарбате вашата коса пред одење на одмор, задолжително понесете со себе шампон за фарбана коса.
2. УВ-заштита за вашата коса и теме
Не само кожата...на коста исто така ѝ е потребна заштита. Таа е исто така изложена постојано на сонце, изложена на оштетувања и осветлување. Темето е многу чувствително на сонце, а исто така е прво на удар на сончевите зраци. Затоа, задолжителна е УВ заштитата за косата и темето:
- Намачкајте го петецот и темето со средство за заштита од сонце или направете фризура во репче, со што целосно ќе го покриете темето.
- Што е можно почесто носете капа или заштита.
- Користете спреј за УВ заштита на коса.
3. Права нега во право време
Подготовката за одмор не значи само да го спакувате куферот, туку и правовремено да ја заштитите косата. Пред, но и за време на одморот употребувајте производи за нега на коса со УВ заштита или со заштита за фарба. Овие производи ја хидрираат вашата коса и ја штитат од избелување.
По одморот потребна ни е екстра порција нега. Хидратантни шампони, регенератори и третмани за коса се она вистинското нешто што ви треба. Врвовите на косата третирајте ги со масло за коса. Дополнително можете да се обидете и со шампон за тонирање.