КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Се бориме против нечистотиите: Ова треба да го исчистите темелно!

Покрај заштитна маска, ракавици и редовно миење раце: Темелната хигиена во домот е навистина важна!

Темелно миење на рацете и правилна етика при кивање се едно, но темелна хигиена во домот во време на вируси е нешто сосема друго. Бактериите и вирусите не се наоѓаат само на нашите раце, туку и на места кои се често фреквентни во домот. На ова треба посебно да внимавате...

Се бориме против нечистотиите: Ова треба да го исчистите темелно!

Мобилен телефон, тастатура, далечинско

Во просек гледаме во нашиот мобилен телефон 88 пати во еден ден. Со тековната ситуација и работата од дома, можеби и многу повеќе. Ова се многу можности, бактериите и вирусите да се пренесат од рака на телефонот, а потоа да завршат на нашето лице.
Исто толку фреквентни се и тастатурите од нашите компјутери и лап-топи. Малку помалку во просек се служиме со далечинскиот управувач за телевизорот. Но како и да е, за двата случаи важи истото – редовно чистење ја намалува можноста за ширење на вируси и бактерии.

Прекинувачи за светло и кваки

Овие 2 предмети во нашиот дом се често допирани, па од таа причина треба да бидат и темелно исчистени. Истите ги допираме и пред и откако ќе ги измиеме рацете. Без да ги допреме овие предмети воопшто не можеме ни да пристапиме за да ги измиеме рацете.
За чистење на овие површини најчето се доволни и обичните средства за чистење, кои, според Германскиот центар за здравствено образование, уништуваат и до 90% од бактериите. 

Славината од чешмата

Колку почесто ги миете рацете, толку славината е повалкана. Но, да бидеме искрени: Колку често ја миеме истата? Треба навистина да обрнуваме повеќе внимание на хигиената на овие работи, да ги чистиме редовно, бидејќи истите најчесто ги допираме со валкани раце.
Дополнително: Големо собиралиште на вируси се и крпите и сунѓерите, доколку истите не ги менуваме често и не ги переме на минимум 60 степени. 

Производи за чистење