Крај на листата
Проширена понуда на средства за дезинфекција и дополнителна заштита за вас и вашиот дом.
Постојат многу прашања кога станува збор за дезинфекција, како за лична, така и за онаа на животниот и работниот простор. Кои производи треба да ги користиме, колку често треба да дезинфицираме, на кои сегменти треба да обратиме посебно внимание и кои се правилните методи? Одговорите на сите овие прашања можете да ги пронајдете на нашите полици, бидејки специјално за вас, ја проширивме понудата на средства за дополнителна заштита...за вас и за вашиот дом.
Средства за дезинфекција и миење раце
Истражувањата ширум светот покажуваат дека само 34% од луѓето правилно ги мијат рацете. Рацете треба да ги миете пред, но и по подготовката на храна, контакт со луѓе, при кивање, кашлање, како и при влезот во вашиот дом. Затоа правилно одберете ги производите кои ќе ги користите, како сапуни за раце, но и гелови за дезинфекција.
Средства за дезинфекција на раце
*Внимавајте при употребата на биоцидни производи. Прочитајте гo убаво упатството, податоците и рокот на траење на производот.

Средства за дезинфекција на домот и работните простории
Со оглед на тоа дека најголем дел од времето го поминуваме или дома или на работното место, навистина е важно овие простории да бидат дезинфицирани. Покрај вообичаените места кои често ги чистиме и дезинфицираме, како подови, врати, прозори, маси и кваки, посебно важна е дезинфекцијата на работите со кои сме често во контакт, како тастатурата и мобилниот телефон. Немојте да заборавите и на дезинфекција на останатите предмети низ домот, како чевлите, теписите.
Средства за дезинфекција на домот
*Внимавајте при употребата на биоцидни производи. Прочитајте гo убаво упатството, податоците и рокот на траење на производот.













