КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
bit-pazar-skopje

Уште поубава, реновирана дрогерија на старо место!

Ве покануваме на големото реотворање на нашата дрогерија на Бит-пазар во Скопје на 15 јуни 2023

Полека, но сигурно се ближи денот на повторното отворање на нашата дрогерија на Бит-пазар во Скопје. Од овој четврток, повторно ќе може да пазарувате во оваа дрогерија и да уживате во сите поволности кои ги нудиме, како и докажаниот германски квалитет по поволни цени.

По повод реотворањето на новата дрогерија, во период од 3 дена, од 15.6 до 17.6 ќе можете да уживате во попусти од -15% на апсолутно сѐ...!

Дополнително: На 15.6.2023 со секоја сметка над 800 мкд добивате ГРАТИС торба!

Старо-новата реновирана дрогерија се простира на 237,02 m2 продажен простор, 70,00 m2 магацински простор и 22,43 m2 помошен простор. Со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија.

Како општествено-одговорна компанија, во чии работни принципи длабоко е вкоренета општествената одговорност и која помага во средината во која делува, дел од нашиот промет остварен на тој ден ќе го донираме во хуманитарни цели кон ,,ЈЗУ Поликлиника Бит-пазар‘‘ од Скопје.

Бидете дел и вие од ова големо реотворање на dm на Бит-пазар и искористете ги попустите на од -15% на апсолутно сѐ...!