КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
AURA

Шминки од брендот AURA 

Невидливата светлина околу Vашето тело, преку која ја чувствувате вистинската љубов и среќа во животот, има име - AURA. Светлината на зората и златото што сјае имаат име  - AURA. 

Инспирирана од флуидната светлина и сјајот на зората, поттикната од женската убавина и силната желба за работа и креативност, Мила Литвињенко во 1996 година во Ниш, Србија ја создава својата AURA, компанија за производство и промет на козметика. 

Уште од самиот почеток, оваа жена „змеј“ својата аура преку козметичките производи ја пренесува и во Македонија, каде што ја основа својата дистрибутивна компанија „Аура Груп“. 

Благодарение на нејзиното знаење, упорност и креативност, претставништвото во Скопје успешно опстојува повеќе од 25 години, нудејќи на македонските жени висококвалитетна декоративна козметика по пристапни цени. 

Компанијата развива и произведува широк асортиман производи за шминкање, вклучувајќи производи за усни, лице, очи и нокти, следејќи ги современите трендови и потребите на потрошувачите. Посебно внимание се посветува на квалитетот на суровините, безбедноста на производите и континуираното унапредување на производните процеси во согласност со меѓународните стандарди. 

Благодарение на силниот фокус на развојот на производите, сигурната дистрибуција и блискиот однос со потрошувачите, AURA изгради доверба кај милиони корисници низ регионот. Денес брендот е присутен на бројни пазари во Југоисточна Европа и продолжува да го проширува своето работење преку иновации, одговорно работење и посветеност на убавината што инспирира самодоверба. 

  1. AURA

    AURA фиксатор за шминка

  2. AURA

    AURA течен коректор

  3. KARMIN

    AURA кармин за усни

  4. AURA руменило за лице

  5. AURA течна пудра

Крај на листата