Сѐ за Ирена
dm советничка за убавина Ирена Сарафимова

Како ја откри твојата љубов за шминкање? Од каде потекнува желбата?
Мојата љубов кон шминкањето потекнува уште кога бев дете. Обожавав да ја гледам мојата мајка како се шминка и омилената играчка во моите детски денови беше несесерот со шминки на мама. 😊
Што значи за тебе шминката?
Шминкањето за мене го претставува најомиленото хоби на секоја жена кое ѝ помага да го истакне сѐ она што е убаво, а да го сокрие сѐ она што го смета за недостаток на своето лице.
Што ја поттикнува твојата креативност, каде ја наоѓаш инспирацијата?
Желбата да ѝ помогнам на секоја девојка/жена да се чувствува убаво во својата кожа ми помага да ја разбудам мојата креативност, а во однос на тоа од каде црпам инспирација - несомнено на прво место се социјалните мрежи.
Што е најважно при изборот на шминка?
Секогаш да избереме шминка која ќе ни даде лесно чувство на свежина кога ќе го нашминкаме нашето лице.
Најчести makeup грешки?
Непосветување доволно внимание и време за припрема на самото лице пред да започнеме со шминкање, како и избор на погрешна нијанса на пудра.
Најважен beauty совет?
Практикување на natural look со кој ќе се истакне природната убавина што секоја од нас ја поседува, а доколку сепак сме љубители на поинтензивна шминка таа да биде нанесена коректно, корисно и да не ги поминува границите на нормала.
5 beauty трикови кои секоја жена мора да ги знае?
1. Доброто чистење на лицето пред да се започне со шминкање значително ќе го подобри крајниот look
2. Изборот на вистинскиот прајмер според типот на вашата кожа ќе го продолжи временскиот интервал во кој вашата шминка ќе изгледа совршено
3 Коректорот е мал волшебник од козметичкиот несесер кој е ваш најдобар сојузник при секоја шминка
4. Не ги занемарувајте веѓите, убаво исцртани и дефинирани веѓи го издигнуваат самиот look на next level
5. Избегнувајте да нанесувате производ врз производ, на пример делот каде што планирате да нанесете коректор, нема потреба претходно да биде покриен со пудра
Омилена техника за шминкање?
Smokey eyes, Cut crease и Halo eyes.
Кои beauty производи мора да ги имаш во секое време во твојата чанта?
Секако, кармин – Maybelline Vinyl Ink, маскара од Revolution Big Lash XL volume и s-he colour&style хартија за матирање на лицето.