On-line Формулар

Како да аплицираш за работно место?
 

Потребни документи

  • Мотивациско писмо
  • Биографија
  • Фотографија
  • Документи:( сведителства, диплома итн.)

Доколку  потребните докумени ги испраќате по пошта, потрудете се истите да бидат спакувани уредно.

  • Вашата апликација треба да ја изрази Вашата индивидуалност. Поради тоа избегнувајте ги обрасците за апликација.
  • Заинтересирајте го работодавецот, тој треба да добие впечаток дека Вие сте вистинската личност за неговиот тим. Редовно ажурирајте ги Вашите документи ( датата на мотивациско писмо и биографијата).

Мотивациско писмо

  • Доколку се пријавувате за работно место за кое е распишан конкурс повикајте се на  истото.
  • Објаснете кратко зашто се пријавувате и зашто сте вие правата личност за тоа работно место.
  • Внимавајте на правописот и граматиката.

Кратка биографија

  • прегледно и уредно структурирајте ја Вашата биографија
  • Биографијата напишете ја хронолошки

Документи

Додајте ги сведителствата, потврдите за работа, потврдите за додатни квалификации, семинари кој сте ги посетувале, препораки и итн. Со тоа документирајте го тоа што го тврдите во апликацијата.

Со апликацијата приложете само копија , никогаш оригинал!