Сподели и отпечати

color #000000
color #000000

Соопштение за потрошувачи!


 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОВЛEКУВАЊЕ НА ПРОИЗВОД 

dm дрогерие маркт ги известува своите потрошувачи за повлекување од продажба на следниот производ:

 

alverde Baby лосион за тело со шеа путер и камилица, 200 мл 

 

Скопје, 27.1.2020 – dm дрогерие маркт како мерка на претпазливост го повлекува од продажба производот: alverde Baby лосион за тело со шеа путер и камилица, 200 мл, независно од рокот на траење.

 

Причина за повлекувањето на производот е дека не може со сигурност да се исклучи постоењето на квасец во одредени производи. Ризикот од штетни појави кон здравјето е минимален, но употребата на производот може да предизвика иритации на почувствителна кожа. Бидејќи станува збор за лосион за нега на бебиња, одлучивме заради чиста претпазливост да го повлечеме производот од продажба.

Ве замолуваме, доколку го поседувате овој производ, истиот да не го употребувате и да го вратите во Вашата најблиска dm дрогерија. Средствата ќе Ви бидат вратени во целост.

Квалитетот на нашите производи е еден од нашите главни приоритети. Однапред се извинуваме и жалиме за можните непријатности.

  

За сите прашања, тимот на dm Ви стои на располагање, секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот на телефонскиот број: 02/3222-733 или на info@dm.mk