Пазарување во dm 

Во dm осознавме од колкава важност е човекот да се стави во центарот на нашите размислувања. Сакаме што повеќе да се информираме за желбите на потрошувачите, како истите би станале дел од нашата понуда.

За секојдневно купување, Ви нудиме широка понуда од производи од нашата марка со висок квалитет на производите по поволни цени. Квалитетната услуга кај нас се подразбира сама по себе. Сакаме нашите потрошувачи секогаш да се задоволни и затоа им овозможуваме низа различни можности, меѓу кои и враќање на производите со приложување на фискална сметка.  Од големо значење за нас е да обезбедиме квалитетна услуга за нашите купувачи па затоа нашите вработени во дм продавниците Ви стојат на располагање за секој совет и секое Ваше прашање.

Сите dm продавници се уредени така да можете многу лесно да се снајдете: полиците се со оптимално подесена висина, пријатно осветлување, широк простор помеѓу гондолите, пријатна и опуштена атмосфера.