PULPE DE VIE е бренд кој има концепт што е едноставен како и самите состојки на неговите производи: органска природна нега на кожата создадена од свежото, ,,грдо’’ овошје кое не е наменето за продажба, купено од локалните добавувачи, 100% направено во Франција. Дали сте слушнале за изразот етичка козметика? Тоа значи дека, PULPE DE VIE  е еколошко и социјално свесна така што ги користи ,,грдите’’ овошја кои не се погодни за продажба поради нивната необична форма или големина. Прочитајте во продолжение повеќе за овие производи.


 

PULPE DE VIE DAIQUI’RIDES туфер маска за лице, 1 парче
Хидратантна маска за лице составена од органски и биоразградлив памук и органско киви. Доволни се само 10 минути за да уживате во придобивките на оваа маска која ги спречува првите брчки на вашето лице. Создадена е за рапава и сува кожа. Оваа маска интензивно ја омекнува и хидрира вашата кожа. Одлично служи како база за шминка, а органското киви ја става во сенка измореноста на вашите очи.
 

PULPE DE VIE MOJI’DETOX туфер маска за лице, 1 парче 

Хидратантна маска за лице составена од органски и биоразградлив памук и органска диња. Детоксикацијата се состои од неколку фактори: клеточна регенерација, заштита од стрес од животната средина и хидратација на кожа која е склона на пукање. Благодарение на активните концнтрати кои се добро познати по детоксикација, хидратација, регенерација и смирување на вашата кожа, таа ќе го добие сјајот кој го заслужува.
 

PULPE DE VIE SEX ON THE PEACH туфер маска за лице, 1 парче 

Хидратантна маска за лице направена од органски и биоразградлив памук со праска. Создадена за преморена кожа, оваа маска е антиоксидациски коктел кој ѝ помага на кожата да го собори урбаниот стрес со нејзините хидратантни, регенеративни и заштитни својства. Органската праска е природен антиоксидант кој ја штити кожата и има омекнувачки и обновувачки својства истовремено подобрувајќи ја еластичноста на кожата.


 

 

PULPE DE VIE пена за чистење лице, 125 мл
Пена за чистење на лицето составена од органски домат и грејпфрут со прекрасен цитрусен мирис ги отстранува нечистотиите и ја освежува вашата кожа.
 

PULPE DE VIE крем против првите брчки, 30 мл 

Хидратантен крем кој активно и ефективно се бори против првите брчки. Кремот ги измазнува линиите и ја прави вашата кожа да се чувствува еластично. Претставува нежен извор за хидрирање на вашата кожа, но груб за првите знаци на стареење!


 

PULPE DE VIE мицеларен гел за чистење лице, 200 мл
Овој 2 во 1 мицеларен гел, создаден од органски клементин ја прочистува кожата и природно ја отстранува шминката со еден едноставен чекор. Истовремено, ја хидрира, смирува и ѝ дава мат ефект на кожата.
 

PULPE DE VIE овошен воден серум против првите брчки, 120 мл 

Со органска смоква, овој серум против брчки ја хидрира, омекнува и тонира вашата кожа. Покрај тоа, ќе ѝ даде чувство на свежина на вашата кожа и ќе ја регенерира.