Одржлив развој

Не се важни зборовите, туку  делата!    

Еден од нашите основни принципи гласи: „ Како заедница делуваме за пример во нашата средина”. Поради тоа константно ја нагласуваме темата одржливост. Горди сме на нашите дела: 90% од нашите производи „ моја марка „ доаѓаат од Централна Европа, најголем дел се од Германија и Швајцарија. Со тоа dm обезбедува работни места, го намалува транспортот, а со тоа и загадувањето со СО2 на воздухот. Покрај тоа ние сме дел од мрежата за подршка WWF (World Wide Fund For Nature)-една од најголемите независни организации за заштита на животната средина во светот. 

Еколошка амбалажа          

Одржливо работење подразбира и грижливо одбирање на материјали кој ќе се користат за амбалажа, а при тоа да имаат можност за рециклирање. Поради тоа суровините се од хартија и целулоза од сертифицирани шуми. Амбалажата во најголем број има ознаки FSC("Forest Stewardship Council"), а делимично и PEFC „The Programme for the Endorsement of Forest Certification”. 

Мали работи со големо дејство                             

Често тоа се мали работи кои производот го прават еколошки. Пример Denkmit nature – таблетите за машинско миење на садови после производството внимателно се редат во картонска кутија, со што се постигнува 20 гр. помал картон за амбалажа. Калкулирано по години така се штеди повеќе од 11 тони картони од благородни ресурси. Покрај тоа кутиите кои се расклопуваат или се со висока лесно рециклирачка содржина или се составени од FSC – сертифициран материјал. 

Лого за одржливи производи               

Благодарени на еколошката амбалажа  – таблетите за машина за садови наградени се со ознака еко – ефикасна – анализа 2010 ( Ökoeffizienz-Analyse 2010). Жигот е наменет само за оние производи кои според одредени мерни критериуми  имаат повисок степен на одржливост во споредба со слични производи. Исто така и babylove пелените, midi и junior plus, се наградени со жигот еко – ефикасна – анализа 2010  (Ökoeffizienz-Analyse 2010). 

Еколошка кеса                                                  

Одговорното однесување кон животната средина го пратиме во чекор. Поради тоа  постоечките кеси ги заменивме со нови еколошки кеси, бeз разлика дали се кеси за еднократна употреба од рециклиран материјал и хартија, или кеси за повеќекратна употреба. Тука спаѓаат и торбите од памук кои веќе можете да ги најдете на каса во нашите продавници. Се радуваме ако и Вие  заедно со нас направите мал гест за подршка во заштитата на животната средина.