Во денешно време, се повеќе луѓе го практикуваат здравиот начин на живот, во што голема улога игра органската храна, која е се попопуларна. Токму како овој начин на исхрана, на сцената настапува и органската козметика која со себе носи многу бенефити за здравјето, но и за зачувувањето на животната средина. За таа цел, GARNIER ја лансира новата линија на органски природни козметички производи за нега на кожа GARNIER BIO кои ги исполнуваат стандардите на beauty индустријата. Овие производи, освен што се ефикасни, не содржат одредени конзерванси како парабени, синтетички бои и хемиски филтери. Прочитај повеќе за овие интересни производи во продолжение.

 

УВЕРЕТЕ СЕ ВО МОЌТА НА ПРИРОДАТА!
Ви ја претставуваме новата линија на сертифицирани природни производи од GARNIER!
 

GARNIER BIO мицеларна вода за чистење лице, 400 мл

Со смирувачко дејство. Збогатена е со органска вода од пченка, органска вода од јачмен и растителен глицерин. Ја чисти кожата, ја отстранува шминката и не остава видливи остатоци на кожата. Погодна е за сите типови на кожа, дури и за чувствителна.

GARNIER BIO спреј за лице, 150 мл

Арганот во Мароко е познат како зелено злато кое жените со векови го користат како хранлива нега на кожата. Аргановото масло се добива со цедење на јадрото од јаткастите плодови на арганот.

GARNIER BIO тоник за лице, 150 мл

Овој сертифициран тоник за совршена кожа создава чувство на интензивна свежина и ја матира кожата. Ги чисти и ги намалува порите, правејќи ги помалку видливи.

GARNIER BIO гел за миење лице, 150 мл

Со етерично масло од лимонова трева кое е познато по своите отстранувачки и навлажнувачки својства и вода од органска пченка која има смирувачки ефект врз кожата веднаш штом се нанесе. Гелот за миење лице длабоко ја прочистува кожата без да ја иритира или исуши.

GARNIER BIO коњак сунѓер за чистење лице, 1 парче

Билката Conjac води потекло од Азија, а од влакната на нејзиниот корен се прави коњак сунѓерот кој се користи за нежно чистење и пилинг на кожата.

GARNIER BIO дневен крем за лице, 50 мл

За изедначен тен и подмладена кожа, оваа мека дневна крема со ефект против стареење може да се користи самостојно, или пак да се измеша со неколку капки масло за лице од лаванда, уште поблескава кожа.

GARNIER BIO крем за околу очи, 15 мл

За мазен е подмладен изглед во пределот околу очите. Ја враќа влажноста и ја обновува нежноста на кожата околу очите, правејќи ја посветла.

GARNIER BIO масло за лице, 30 мл

Познато по своите обновувачки својства, сертифицираното етерично масло од лаванда внимателно е измешано во немасно масло за лице. Кога се користи секојдневно, ова масло за лице е природен пат кон здрава, мазна и сјајна кожа.

GARNIER BIO крем за лице, 50 мл

Освежителен гел крем кој длабински ја хидрира кожата, ѝ дава чувство на свежина со матирачки ефект и го враќа балансот на кожата. Се користи еднаш дневно, наутро или навечер.

GARNIER BIO повеќенаменски балсам за лице, тело и раце, 50 мл

Овој балсам е збогатен со органско арганово масло, органски шеа путер и витамин Е и е наменет за исушени, груби зони на кожата. Моментално ја смирува кожата, ја потхранува и ѝ дава пријатно чувство.

GARNIER BIO хидратантен крем за лице, 50 мл

Во својот состав, покрај аргановото масло, овој крем содржи и органско алое вера и хијалуронска киселина. Кремот е наменет за оние кои имаат сува и чувствителна кожа. Откако ќе се нанесе, кожата моментално е хидрирана, нахранета и мека.